Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Какви се хороскопските знаци во бракот? Близнаците не сакаат ограничувања, Рибите се идеални партнери

Некои се посветени на својата кариера, а други пак на семејството, некои забораваат на романтиката во бракот, а други пак се неверни.

kakvi-se-horoskopskite-znaci-vo-brakot-01.jpg

Какви се хороскопските знаци во бракот?

Овен

Мажот Овен лесно се одлучува за брак, не бега од одговорностите и сака да доминира. Покрај себе сака убава и паметна сопруга, која ќе му даде доволно слобода. Често се случува да бара дополнително задоволство надвор од домот.

Жената Овен секогаш ќе ги подржува амбициите на партнерот, бидејќи покрај себе сака успешен сопруг. Ќе ги исполнува сите брачни обврски, но нема да сака да се откаже од своите интереси. Активна е и секогаш добро организирана. Склона е на љубоморни испади.


Бик

Мажот Бик е многу посветен на сопругата и децата. Секогаш се труди на семејството да му обезбеди сè најдобро во животот. По природа е мирен и добродушен. Мажот Бик е еден од најстраствените мажи во хороскопот.

Жената Бик истото така е посветена на брачната заедница и подготвена е да жртвува сè само за да ја сочува хармонијата. Ја подржува изреката дека љубовта доаѓа од стомакот, па затоа таа е одлична домаќинка. Од сопругот очекува да биде успешен и да и овозможи сигурност.


Близнаци

Мажот Близнак не е најидеален партнер за брак. Животот со нив може да ви биде убав, интересен и опуштен, но покрај себе сакаат да имаат сопруга која нема да ги ограничува. Од друга страна пак, Близнаците и на својата сопруга и даваат потполна слобода. Шармантен е и сака да флертува.

Жената Близнак по малку е несигурна, но подготвена е да се менува во име на бракот. Често многу е приврзана за својот сопруг. На жената во овој хороскопски знак и одговараат мажи кои можат интелектуално да ја предизвикуваат. Не е тип на сопруга која ќе даде сè за семејството.


Рак

Мажот Рак е традиционален и силно се приврзува за семејството, но за семејството од кое потекнува. Иако важи за идеален партнер, не е лесно да се живее со него. Најмногу време сака да поминува дома и знае да биде вистински домаќин.

Жената Рак е чувствителна и верна на својот сопруг. Таа пред сè е мајка која е полна со љубов и разбирање. Семејството ѝ е најважно. Бара сопруг кој во секој момент ќе и биде потпора и ќе ја заштитува. Лесно стапува во брак и уште полесно се препушта на иницијативата на партнерот.


Лав

Мажот Лав сака да биде центар на светот на својата сопруга. Смета дека сите во семејството треба да му бидат подредени. Како родител воопшто не е строг, бидејќи самиот е едно големо дете. Неговата сопруга мора да биде убава, негувана и секогаш дотерана.

Жената Лав е организирана и секогаш наоѓа време за сè, па домашните обврски никогаш не ги запоставува. За амбициозните мажи таа е идеална прилика. Нејзината појава ги воодушевува сите, па со гордост ќе можете да ја покажете на семејството и пријателите. Лојална е и страствена.


Девица

Мажот Девица во бракот сигурно ќе биде највредниот маж кој некогаш сте го запознале и некој кој на прв поглед сите би го посакале. Не е посесивен, но не е ни посебно страствен. Често е конзервативен со сфаќањата и не е многу романтичен.

Жената Девица е аналитична и доколку не се одлучи за брак од интерес, тогаш во брачната заедница таа е чувствителна сопруга и мајка. Способна е сè да држи под контрола. Од мажот очекува да биде одговорен. Често делува како ладна личност и физичкото задоволство не и е примарно.

Уште 6 хороскопски знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани според нивната самоконтрола (еден од нив дејствува без размислување) Девиците знаат како да имаат контрола врз сè што прават, додека Раковите ги изра...
Како да најдете духовен мир и да се справите со стресот, според хороскопот? Бик - За да постигнат поголем баланс во животот, неопходно е да научат да п...
Што му е најтешко на секој хороскопски знак кога патува? Раковите не сакаат да бидат оддалечени од нивниот дом и најблиските, а Лавовите ...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...
Какви сте во љубовта, според келтскиот хороскоп? Родените во знакот на дрвото бреза се добри партнери, сè додека не дозволат амби...
Што да промените во животот за да не зажалите во староста, според хороскопскиот знак? Ракови, престанете да ги избегнувате сериозните разговори. Во спротивно, во стар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg