Финансии според хороскопот: Колку пари ќе имате оваа година?

site-kje-sakaat-da-bidat-vo-kozata-na-ovoj-znak-eve-kolku-pari-kje-imate-ovaa-godina-01.jpg

Вага

Основната цел која се провлекува низ 2016-та година е напорна работа, колку и да не сте љубител на големите напори за работа. Сепак може да се радувате, бидејќи оваа година ќе ви биде исклучително успешна, посебно на припадниците од овој знак со уметнички способности.

Без оглед на тоа колку понекогаш ви е тешко што вашиот приватен живот мора да трпи, нека ве мотивира мислата дека оваа година ќе заработите повеќе од било која друга година.

Исто така, може да очекувате ненадејни добивки на финансиски план во периодот од септември до декември, и тоа во вид на наследство.

Ова може да ви донесе изненадувачка среќа, ама најпаметно е тие пари да не ги потрошите во целост. Или ставете ги на страна или паметно вложете ги, само никако не ги позајмувате, бидејќи постои можност никогаш да не ви бидат вратени.


Скорпија

Скорпиите имаат голема моќ – многу често се во состојба да читаат меѓу редови. Многу се интелигентни, истрајни, со голема концентрација и се големи психолози, писатели, детективи, хемичари. Сепак, припадниците на овој знак ги очекува многу критична година.

Кај вас ќе доминира голема паника за пари, такада препорачливо е да водите сметка од кого ги земете. Поради неповолната финансиска ситуација и проблемите, ќе бидете под голема тензија и ќе имате кавги со колегите и партнерите кои ќе бидат неизбежни.

Оваа приказна не се однесува на Скорпиите кои работат приватен бизнис, бидејќи за нив 2016-та ќе им биде релативно успешна. Сепак, тоа ќе се почувствува дури во октомври и ноември.

Ќе биде проблематично и треба да бидете истрајни и трпеливи, но работите ќе почнат да се одвиваат во ваша корист.


Стрелец

Лицата родени во овој знак се исклучително независни и борбени, со голема потреба да бидат постојано во акција. Како и секоја година во 2016-та година ќе правите големи планови. Но, немојте да се занесувате многу …

Тие планови се успешни само во вашата глава. Кога ќе се симнете на земја, ќе видете дека не е баш лесно да ги наполните џебовите со пари.

Стрелците кои се без постојан приход, среќата ќе им проработи во периодот меѓу март и јули, кога ќе заработат од работа која нема никаква врска со нивното образование.

Оние пак, со постојана работа, ќе имаат повеќе и повеќе работни обврски, а тоа нема воопшто да се одрази на нивната финансиска состојба.


Јарец

Јарците се многу реални и вредни личности, познати како неуморни и совесни работници. Работата ја сфаќаат доста сериозно, многу се амбициозни и секогаш полека, ама сигурно се качуваат кон замислениот успех.

За Јарците, 2016-та година подготвува нешто убаво. Ако малку се потрудите, резултатите ќе бидат неверојатни.

Конечно, сè за што работевте, оваа година ќе го даде својот резултат. Напредокот во кариерата е неизбежен, а со тоа и огромната сума на пари.

Сепак, не се опуштајте премногу во текот на годината, колку и да сте во завидна позиција, бидејќи во спротивно, сè би можело да се сруши како кула од карти.

Затоа, бидете паметни за потоа да не кукате дека другите ви се криви за сопствените грешки.


Водолија

Водолиите се луѓе со слободен и независен дух, па многу често напредуваат со револуционерни идеи. Нивната финансиска состојба во 2016-та година е поврзана со мали проблеми.

Колку и да се трудат, Водолиите нема да успеат да задржат пари во своите раце. Дури и кога ќе дојде периодот на добра заработка, ќе ви излезат нови непредвидени трошоци.

Некои Водолии ќе пронајдат спас во склучување брак од интерес, но не мора многу да брзаат, бидејќи финансиската состојба ќе се подобри од септември.

Од септември пак ќе изгрее сонце за Водолиите, па ќе можат да се надеваат на стабилен извор на приходи или значајно зголемување на платата.


Риби

Личностите родени во овој знак се големи хуманисти со развиена способност да ги разбираат другите. Секогаш се спремни да помогнат, вредни се, но и неодлучни и умешни во водење на финансиските средства.

Во 2016-та година сите ќе сакаат да бидат во ваша кожа, бидејќи Риби е еден од ретките знаци кој во оваа година ќе биде во голем плус.

Дури нема да има потреба и многу да кукаат, бидејќи тука е фактот со парите кои им доаѓаат од сите страни. Тоа не значи дека можете баш да се опуштите, бидејќи и ќе ви биде потребна и работата за да се чувствувате добро.

Вие многу добро знаете како да се расположите со пари, така да во 2016-та година ќе заштедите само мал дел од нив. 

М. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за април 2024: Бикови – седите на две столчиња, Близнаци – некој сака афера со вас Ракови – може да ја направите најголемата грешка водени од страст и да си ја уни...
Со кои квалитети ги освојувате луѓето, според хороскопскиот знак? Раковите се пречувствителни, но сепак ќе ве „купат“ со својата лојалност, грижли...
Која е вашата тајна опсесија, според хороскопскиот знак? Риби - Сè што е мистично, необјаснето и магично е интересно за Рибите и брзо ста...
Хороскопски знаци кои не се поднесуваат како снаа и свекрва Лавовите се драматични, а Биковите повоздржани. Единственото нешто што им е заед...
Што ќе научите за љубовта од секој хороскопски знак? Скорпија - огнен и верен, овој знак ќе ги научи своите партнери што значат посве...
Како изгледа вашиот совршен викенд, според хороскопскиот знак? Ракови, вие сте грижлива и сентиментална личност, па совршениот викенд за вас вк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg