Голем љубовен хороскоп за јуни 2016-та

Со првиот жежок месец доаѓаат и новите и неочекувани случувања кои на повеќето хороскопски знаци целосно ќе им го променат љубовниот живот.

golem-ljuboven-horoskop-z-juni-2016-ta-01.jpg

Што ве очекува во месец јуни?

Овен

Поради бројните средби и динамичните случувања ќе ве следат, делувате атрактивно и привлечно на сите личности во вашето опкружување. Меѓутоа, повремено нема да можете да ги контролирате вашите страсти кон одредена блиска личност, а тоа може да се рефлектира во контраст. Понекогаш спонтаноста во изразувањето на емоциите ќе ви претставува најдобар одговор, а понекогаш не. Ако сте во врска, најважно ќе ви биде да се концентрирате на тоа да го направите среќен партнерот. Немате причина за да бидете во потрага по нови љубовни предизвици, но потребно е да бидете искрени при изразувањето на вашите емоции.

Среќни денови во љубовта: 1, 2, 3, 5, 7, 9, 10, 11, 12, 15, 19, 20, 21, 25, 26, 27, 28 и 29 јуни.

Пријатни средби и складни љубовни односи ве очекуваат со: Бик, Рак, Лав, Девица, Вага, Скорпија, Стрелец, Јарец и Риби.

Бидете внимателни на: 4, 6, 8, 13, 14,16, 17, 18, 22, 23, 24 и 30 јуни.

Избегнувајте конфликти со: Овен, Водолија и Девица.

Бик

Повремено како да ви недостасува нечие емотивно разбирање и имате впечаток дека полека се оддалечувате од некоја блиска личност. Потребно е искрено да разговарате со партнерот или отворено да ги преиспитате заедничките планови. Во љубовта не треба да си играте или да се залажувате себеси дека можете сè да држите под строга контрола за да се заштитите од емоционалните разочарувања. Важно е да ги поправите вашите пропусти и грешки, сè може да се поправи под услов да се потпрете на вашите чувства. Ако сте млади и слободни, чувствувате емотивна несигурност и вашето однесување може да привлече различни личности со различни профили. Тогаш кога ќе ги сфатите вашите емотивни заблуди ќе можете да направите добар избор.

Среќни денови во љубовта: 1, 4, 5, 6, 7, 9, 11, 13, 17, 18, 19, 22, 25, 26, 27 и 30 јуни.

Пријатни средби и складни љубовни односи ве очекуваат со: Овен, Вага, Стрелец, Водолија и Риби.

Бидете внимателни на: 2, 3, 8, 10, 12, 14, 15, 16, 20, 21, 23, 24, 28 и 29 јуни.

Избегнувајте конфликти со: Рак, Лав, Бик, Девица, Близнаци, Скорпија и Јарец.

Близнаци

Моментално сте во одлична форма и сакате да се претставите во скоро совршено светло пред личноста која ви се допаѓа. Делувате снаодливо и заводливо при различните средби и умеете да ја шармирате својата околина. Љубовната среќа можете да ја остварите само преку некој партнер кој ќе се согласува со вашите сфаќања или ќе успее да ве маѓепса. Љубовната атмосфера, позитивните емоции и блиските контакти ќе имаат посебна магија над вас и ќе ве натераат на акција. Сè е полесно кога љубовните коцки се сложуваат во романтична слика. Ќе ви годи чувствителната нота која ќе ја внесува партнерот во заедничкиот живот. Ако сте слободни ве очекуваат бројни средби и интересни контакти. Посебно ќе заблескате кога ќе пронајдете една несекојдневна личност.

Среќни денови во љубовта: 2, 3, 6, 7, 10, 11, 12 и 15, 16, 18, 19, 21, 24, 25, 27, 29 и 30 јуни.

Пријатни средби и складни љубовни односи ве очекуваат со: Бик, Рак, Девица, Скорпија, Стрелец, Јарец и Риби.

Бидете внимателни на:  1, 4, 5, 8, 9, 13, 14, 17, 20, 22, 23, 26 и 28 јуни.

Избегнувајте конфликти со: Овен, Близнаци, Лав, Вага и Водолија.

Рак

Во склад со расположението ќе делувате магично и заводливо, а и ќе водите активен живот, често ќе се најдете во прилика да остварите нови и необични емотивни контакти. Сепак, вашиот емоционален интерес ќе биде насочен кон некоја личност со сериозен карактер. Немате потреба да глумите, бидејќи лошите потези само можат да ви го искомплицираат љубовниот живот. Ако посакувате страсна авантура, тогаш ништо нема да ве спречи да ги остварите вашите тајни намери. Ако сте слободни, ве очекуваат интересни средби, а сè што ќе ви биде потребно е вообичаената тактика која ја користите за да заведете некоја личност. Важно е да освоите искрени симпатии и емотивна инспирација.

Среќни денови во љубовта: 2, 3, 4, 6, 7, 9, 10, 11, 12, 14, 16, 19, 20, 21, 22, 25, 26, 27, 28 и 30 јуни.

Пријатни средби и складни љубовни односи ве очекуваат со: Бик, Рак, Лав, Девица, Скорпија, Јарец, Водолија и Риби.

Бидете внимателни на:  1, 5, 8, 13, 15, 17, 18, 23, 24 и 29 јуни.

Избегнувајте конфликти со: Овен, Близнаци, Вага и Стрелец.

Лав

Во склад со вашата природа повремено имате преголеми очекувања и умеете да поставите прилично тешки барања. Ви се чини како партнерот да нема доволно разбирање за вашите потреби, а зачестените конфликти ќе влијаат на вашето мрзеливо расположение. Ќе бидете склони на ненадејни изливи на лутина, а на тој начин ќе се обидувате да се ослободите од тензијата. Но, импулсивните реакции и големите изливи на емоции можат да ве однесат во погрешна насока. Недостатокот на оптимизам ќе се обидете да го надоместите со забави и алтернативни друштва. Ако сте млади и слободни ве очекуваат нови средби и неочекувани повици, но најмногу ќе бидете заинтересирани за пријателски односи.

Среќни денови во љубовта: 1, 2, 5, 6, 7, 8, 9, 12, 13, 14, 18, 19, 21, 24, 27, 28, 29 и 30 јуни.

Пријатни средби и складни љубовни односи ве очекуваат со: Бик, Рак, Девица. Скорпија, Вага, Јарец и Риби.

Бидете внимателни на:  3, 4, 10, 11, 15, 16, 17, 20, 22, 23, 25 и 26 јуни.

Избегнувајте конфликти со: Лав, Водолија, Стрелец, Близнаци и Овен.

Девица

Повремено како да ви недостасува оптимизам, но не и потребата за романтика или авантуристички случувања. Благодарение на досетливоста ќе успевате да освоите нечие емотивно внимание и да пронајдете ефикасно решение за личните дилеми. Избегнувајте конфликтни ситуации со блиската личност, за да ја сочувате скапоцената енергија, но и психолошката рамнотежа. Љубовните недоразбирања не се поразителни, но ќе бараат да бидете трпеливи и да најдете компромис. Ќе ви годат интересот, комплиментите и вниманието кои ги добивате од спротивниот пол. Некој во вас ќе го истакне љубовниот занес и ќе сакате другите да гледаат на вас како на шармантна и романтична личност.

Среќни денови во љубовта:  1, 3, 5, 8, 9, 11, 13, 14, 16, 18, 19, 21, 24, 25, 28 и 29 јуни.

Пријатни средби и складни љубовни односи ве очекуваат со: Лав, Вага, Стрелец, Скорпија, Водолија и Риби.

Бидете внимателни на:  2, 4, 6, 7, 10, 12, 15, 17, 20, 22, 23, 26, 27 и 30 јуни.

Избегнувајте конфликти со: Овен, Бик, Близнаци, Рак, Девица, Јарец и Водолија.

Уште 6 хороскопски знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...
Што ви предизвикува анксиозност, според хороскопскиот знак? Бик - Најважно ви е луѓето да знаат дека сте компетентни и професионални. Затоа ...
Еден совет за секој хороскопски знак на почетокот од есента Риби - Есента ќе донесе нова магија во вашиот живот, па искористете го овој пери...
Во една реченица: Како одговара на раскинувањето секој од хороскопските знаци? Кој е самоуверен, а кој циничен? Како најчесто одговараат хороскопските знаци ко...
4 хороскопски знаци на чија продуктивност можеме само да позавидиме Кога Девиците имаат листа со обврски (а секогаш имаат) нема да запостават ниту е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg