Победникот го скрши трофејот, зелената соба на нозе заради Хрватска – Највпечатливите мигови на Евровизија 2024

Холандија беше дисквалификувана, но нивните гласови важеа. Сите во зелената соба скокаа и танцуваа додека Хрватот Бејби Лазања настапуваше на сцената. Кои беа највпечатливите мигови што се споделуваат на социјалните мрежи од Евровизија 2024?

pobednikot-go-skrshi-trofejot-zelenata-soba-na-noze-zaradi-bejbi-lazanja-najvpechatlivite-migovi-na-evrovizija-2024-01.jpg

Синоќа (11.05) во Малме, Шведска се одржа финалната вечер од Евровизија 2024.

Победник е швајцарскиот претставник Немо, кој настапи со песната The Code, а хрватскиот претставник Бејби Лазања успеа да собере огромен број гласови од публиката и од жиријата, но заврши на второто место.

pobednikot-go-skrshi-trofejot-zelenata-soba-na-noze-zaradi-bejbi-lazanja-najvpechatlivite-migovi-na-evrovizija-2024-02.jpgПобедникот на Евровизија, Немо со пресечен палец откако го скрши трофејот на сцената

На сцената настапија вкупно 25 земји, кои имаа можност по вторпат пред публиката да ги изведат своите нумери, а настанот беше проследен со голем број интересни, но и скандалозни мигови, како за гледачите пред малите екрани, така и за публиката што беше присутна во Малме.

pobednikot-go-skrshi-trofejot-zelenata-soba-na-noze-zaradi-hrvatska-najvpechatlivite-migovi-na-evrovizija-2024-03.jpgБејби Лазања од Хрватска

Шарени костими, по малку скандалозни настапи, возбудливи мигови додека траеше гласањето.

pobednikot-go-skrshi-trofejot-zelenata-soba-na-noze-zaradi-hrvatska-najvpechatlivite-migovi-na-evrovizija-2024-04.jpgАватарите на ABBA на сцената на Евровизија

Синоќешното шоу беше мошне возбудливо за сите евровизиски фанови, но и за оние што пред малите екрани грицкаа нокти и очекуваа да видат како ќе се пласира нивниот фаворит.

pobednikot-go-skrshi-trofejot-zelenata-soba-na-noze-zaradi-hrvatska-najvpechatlivite-migovi-na-evrovizija-2024-05.jpgПретставничката на Израел, Иден Голан

Во продолжение некои од најинтересните мигови:

Најинтересен миг беше можеби оној кога победникот Немо, само неколку мигови откако го доби евровизискиот трофеј успеа да го скрши, a и да си го исече палецот.

„Го скршив кодот и си го скршив трофејот. Можеби трофејот може да се поправи, а можеби и на Евровизија ѝ требаат поправки“ – рече Швајцарецот во прес-конференцијата по победата.

Хрватскиот претставник Бејби Лазања го освои високото второ место, а освен што ги разигра сите присутни во публиката и цела Европа која го следеше пред малите екрани, забележително е и дека тој бил омилен и меѓу претставниците кои настапуваа.

На Твитер е споделено видео на кое се гледа како сите во зелената соба танцуваат и скокаат за време на неговиот настап.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бившиот на Бритни Спирс со неверојатно тврдење: „Синовите се буделе ноќе, а таа стоела со нож пред н... „Понекогаш ќе се разбуделе ноќе и ќе ја виделе како тивко стои на прагот на нивн...
Го сменил бројот кога бившата му рекла дека е бремена – Овен Вилсон глуми грижлив татко, а својата ќ... „Ми помага финансиски, но тоа никогаш не ми беше важно. На Лајла ѝ е потребен та...
Ја тера да трча маратон, не прави ништо без него: Дали Тревис ја контролира (и изневерува) Кортни Ка... „Се облекува како него, сака постојано да биде со него. Прави сè што прави тој, ...
Џенифер Гарнер го прокоментира разводот од Бен Афлек, среде гласините дека ќе си дадат уште една шан... Џенифер Гарнер и Бен Афлек минуваат сè повеќе време заедно и веќе извесен период...
Нови детали за убиството на режисерот и сопругата: Синот ги убил со нож додека спиеле, неговата соба... Ник Рајнер им ги пресекол грлата на родителите додека спиеле, по што изнајмил со...
Ѝ ја спасил кариерата, но ја присилил да абортира: Скандалозниот брак на Џуди Гарланд и четвртиот со... Најдолгиот од петте бракови на Џуди Гарланд е оној со четвртиот сопруг Сид. Иако...

Најчитани неделава