На која плажа треба да уживате летово, според хороскопскиот знак?

Вага

Љубовта е секогаш на прво место за Вагите, па затоа не се плашат да побараат нешто сензуално и кога се работи за лето и плажи. Уживаат во мир и тишина, но сакаат да ги споделат своите искуства со нови луѓе. Ipanema Beach во Бразил е одлична плажа со пријатна атмосфера, уште попозната како една од „најсекси“ плажите ширум светот.

na-koja-plaza-treba-da-uzivate-letovo-spored-horoskospkiot-znak-07.jpg

Скорпија

Напнати и упорни, независната природа на Скорпиите ќе ги натера да бараат авантури дури и кога сите сакаат да лежат на плажа. Trunk Bay, лоцирана на Сент Џон, Девствени Острови е плажата која ќе им го задоволи апетитот за нуркање и истражување.

na-koja-plaza-treba-da-uzivate-letovo-spored-horoskospkiot-znak-08.jpg

Стрелец

Полни со желба за учење и откривање новитети, Стрелците не се задоволуваат со „обични“ плажи со бел песок. Mosquito Bay плажата е лоцирана во Порторико и е одличен избор за овој огнен и динамичен знак. Навечер има спектакуларно светлечко шоу од динофлагелати кои светат по водната површина.

na-koja-plaza-treba-da-uzivate-letovo-spored-horoskospkiot-znak-09.jpg

Јарец

Амбициозни и вредни, Јарците заслужуваат патување кое им дозволува да си го вратат балансот во животот. Railay Beach на Тајланд е тропски рај, познат по драматичните карпи и кристално чисти води. Истражувањето е возможно со возење со бротче, но нема да зажалите дури и ако останете да лежите на песокот.

na-koja-plaza-treba-da-uzivate-letovo-spored-horoskospkiot-znak-10.jpg

Водолија

Уште еден знак кој има потреба за истражување и независност, па се во потрага по плажа која ќе им даде многу повеќе од само исончан тен. Cable Beach во Австралија е прекрасна, а сепак не толку актуелна дестинација која нуди бесконечен поглед на океанот. Од изгрејсонце до зајдисонце, плажата е прекрасна.

na-koja-plaza-treba-da-uzivate-letovo-spored-horoskospkiot-znak-11.jpg

Риби

Неопходно им е да легнат и да се релаксираат во опуштачка атмосфера, бидејќи ја ценат убавината на мајката природа. Исто така ценат осамени лежалки на плажа. Anse Source d’Argent лоцирана на Сејшелите е местото каде Рибите може да влезат во свој елемент. Смирената, смарагдна вода и палмите се она што им е потребно на Рибите за среќа.

na-koja-plaza-treba-da-uzivate-letovo-spored-horoskospkiot-znak-12.jpg

М. Д. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Какво детство сте имале, според хороскопскиот знак на вашата мајка? Ако вашата мајка е родена во знакот на Стрелец, тогаш вашето детство била една д...
Три судбински промени за секој хороскопски знак во 2026-та - Што да очекувате следната година? 2026-та нема да биде година на грандиозни планови, туку на повеќе помали, внатре...
4 хороскопски знаци кои ќе доживеат најголема промена во 2026 (и ќе мора да се потрудат повеќе од др... Без разлика дали станува збор за напуштање на работата што ги задушува или излег...
Една навика од која треба да се ослободите пред крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак Риби, голем дел од времето мечтаете и упорно бегате од проблемите. Ако сакате 20...

Најчитани неделава