Колку сте суеверни според хороскопот?

Бројаница, детелина со 4 листа и уште многу други работи за кои постарите рекле дека носат среќа.

kolku-ste-sueverni-spored-horoskopot-01.jpg

Секој човек што верува во овие работи, има некои свои замисли и оправдувања за тоа, а има и такви кои воопшто не веруваат во нешто невозможно што не постои.

За суеверието постои поделба и помеѓу хороскопските знаци.

Погледнете колку е суеверен секој знак:

Овен

Сите тие празноверија и гледање на гравчиња, ви се смешни, а телепатијата може да помине, но само во филмови. Иако не е суеверен, ако му горат ушите на Овенот, тој знае дека некој го озборува или дека го очекуваат добри вести.

Бик

После добро кафе, Бикот сака да ја заврти шолјата и некој да му ја гледа љубовната ситуација. Чита хороскоп, сака да се консултира со астролози, а прифаќа и гледање на карти. Кога ќе види црна мачка го менува правецот на движење и бега на другата страна на улицата.

Близнаци

Близнаците читаат весници додека со едно уво ја наслушуваат временската прогноза на телевизија. Тие најмалку веруваат во овие недокажани теории, освен ако некој не им докаже дека има простор за логика. Веруваат дека кога ги чеша левата рака ќе земаат пари, иако не го признаваат тоа пред другите.

Рак

Не е суеверен, но над влезната врата има закачено реквизити кои држат среќа. После лош сон, го зема соновникот да провери што значи тоа. Ги затвора сите прозорци, ги проверува ринглите и пеглата, бојлерот, заклучува по неколкупати, бидејќи никогаш не се знае што може да се случи додека нема никој дома.

Лав

И Лавот не е суеверен, но сепак кришум чита литература за парапсихологија, а за алтернативната медицина веќе знае сè. Не му недостасува ништо, да чукне во дрво, само малку го боли грбот, но тоа сигурно е од седење, си вели. И додека седи и размислува, на прозорецот му застанала бубамара, па станува да провери дали има нешто во фрижидерот, бидејќи таа носи гости.

Девица

Сака психологија и прави разлика помеѓу суеверие и парапсихологија. Крст на ланец, бројаница, икони, скриени пари за црни денови – против малери. Не отвара чадор дома, не ги кажува своите планови за да не тргнат наопаку, а ако ѝ подарите нож на Девицата, симболично ви дава пари, да не дојде до кавги.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Колку имате среќа во животот, според хороскопот? Стрелец: Само вам може да ви се случи (и по неколкупати во месецот) да ви понуда...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Хороскопските знаци рангирани според нивната среќа – Близнаците се најголем баксуз Скорпии, дефинитивно ве следи среќа, но единствениот проблем ви е што некогаш не...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg