Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот

Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармонија и не сакаат повремени и кратки врски во кои не можат да ѝ кажат на партнерката како се чувствуваат...

bik-i-ushte-tri-najromantichni-mazhi-spored-horoskopot-01_copy.jpg

Колку и да сакаат да ја скријат својата романтична страна, некои мажи не можат да побегнат од неа.

Според астролозите, ова се должи најмногу на хороскопскиот знак кој влијае на нивниот карактер.

Од овие мажи ќе слушнете љубовни изјави, ќе добиете подароци кога најмалку се надевате, внимание кога не очекувате.

Во продолжение прочитајте кои се четирите хороскопски знаци во кои се родени најромантичните мажи во хороскопот:

Рак 

Мажите родени во овој знак најчесто сакаат да бидат во сериозна врска со жените со кои се гледаат.

Дури и ако понекогаш посакаат да ја држат партнерката на оддалеченост, нема да успеат во тоа и по некое време ќе почнат пак да ѝ се умилкуваат.

Овие мажи дури и да не се во врска, сакаат да знаат дека секогаш покрај себе ќе имаат некој со кого може да имаат романтичен однос.

Мажите родени во знакот Рак, полека, но сигурно го отвораат своето срце.

Тие сакаат да имаат и интелектуална и духовна поврзаност со партнерката, не само физичка.

Сакаат да им е убаво и да не мора да креваат ѕидови меѓу нив и жената со која се гледаат. Нивната среќа потекнува од довербата што ја имаат кон партнерката.

Бик

Биковите се заљубуваат во луѓе кои имаат длабоки емоции, исто како и нив.

Тоа не значи дека мажот роден во знакот на Бик нема да биде романтичен ако неговата партнерка е романтична, мила и сака да му посвети големо внимание. 

Напротив, ќе сака уште повеќе да ја покаже својата романтична страна.

Иако не делуваат така, мажите Бикови сакаат да имаат стабилна и трајна врска и да се чувствуваат сигурно.

Тие немаат трпение за врски кои ќе траат неколку недели или месец-два.

Кога ќе запознаат жена со која имаат силна хемија, почнуваат да се вложуваат уште повеќе во врската.

Мажите Бикови ќе ја обожаваат својата партнерка, ќе ѝ купуваат подароци, ќе организираат патувања.

Кога ќе најдат жена по свој мерак, ќе направат сè да ја задржат.

Вага

Мажите родени во знакот на Вага се многу верни.

Во секоја врска бараат хармонија и не сакаат повремени и кратки врски во кои не можат да ѝ кажат на партнерката како се чувствуваат.

Мажот Вага сака да почувствува дека ѝ е важен на партнерката.

За да биде среќен, тој мора да најде разбирање од спротивната страна.

Иако сака да флертува каде и да стигне, мажот Вага престанува да го прави тоа штом најде жена која ги задоволува сите негови критериуми и желби.

А тогаш, дури и да не ѝ покажат на партнерката, ќе направат сè за да ја задржат што е можно подолго покрај себе.

Овој маж сака да сака и да биде сакан.

Овен

Ако постои хороскопски знак кој се заљубува набрзина, тоа е Овенот.

Овој маж сè прави импулсивно, а тоа ги вклучува и љубовните врски.

Дури и неговата партнерка да не е подготвена за љубов, мажот Овен ќе направи сè да ја освои.

Но, за разлика од претходните три знаци, Овенот не бара секогаш доживотна врска.

Понекогаш сака да почувствува возбуда, страст и нешто ново во љубовниот живот.

Во моментот кога ќе почне да чувствува нешто кон некоја жена, мажот Овен знае дека е заљубен.

И тогаш сака работите да станат посериозни и потрајни.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Со кој хороскопски знак ќе бидете мизерни во врска, според астрологијата? Девици, вие сте личност која сака да остане на едно место и ја цени својата рути...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Не се обидувајте да го скротите Овенот - Какви дечковци се хороскопските знаци кога се во врска? Рак - Важат за најемотивниот знак, но за да стигнете до нивната душа ќе треба да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg