Кинески хороскоп: Што ви носи 2018-та - годината на кучето?

kineski-horoskop-sto-vi-nosi-2018-godinata-na-kucheto-02.png

Коњ (родени во 1918, 1930, 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) 

Оваа година ќе ви донесе бројни изненадувања, посебно на работното место.

Не грижете се, располагате со сите квалитети за да се прилагодите на новите ситуации и од нив да излезете посилни од било кога.

Зафатените припадници на овој знак ќе размислуваат за проширување на семејството и ќе бидат презадоволни од љубовната ситуација.

Слободните припадници оваа година може да ја пронајдат вистинската љубов, само ако добро се помачат и вложат многу време.

Овца (родени во 1919, 1931, 1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015)

Зафатените припадници на овој знак ќе имаат потреба да ја разгорат љубовта или страста во врската или бракот. Паметна опција е да испланирате далечно патување – сами.

Слободните ќе имаат појачана желба за излегување и дружење, а со тоа ќе им се зголеми шансата за запознавање на потенцијални партнери.

На женските припаднички на работното место среќата посебно ќе им се насмевне. Повеќето од вас оваа година ќе сфатат колку е важно да ја прифатат понудената одговорност.

Обрнете поголемо внимание на финансиите и трошоците.

Чувајте се од брзиот начин на живот, како и од екстремни спортови, планинарење или нуркање.

Мајмун (родени во 1920, 1932, 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016)

За да го добиете она што го сакате, оваа година ќе мора добро да се помачите и да вложите дополнителен напор.

Многу од вас ги очекуваат промени на работното место и во рамките на семејството, па бидете подготвени за изненадувања.

Останете смирени и самоуверени, дури и ако се препотувате од страв и ве фаќа паника. Не грижете се, секој проблем си доаѓа со решение.

Кон крајот на годината ќе се чувствувате посебно заводливо и подготвено за љубовни авантури.

Во текот на годината не би требало да имате големи здравствени проблеми, но би требало повеќе да внимавате со финансиите и да побарате помош доколку не можете сами.

Петел (родени во 1921, 1933, 1945, 1957, 1969, 1981,1993, 2005, 2017) 

Без оглед  дали се работи за работа, љубовен или семеен живот, оваа година не донесувајте големи одлуки без размислување како тоа ќе влијае на луѓето во ваша околина.

Сите ве знаат како голем реалист, но оваа година ќе се изненадите самите себе и ќе почнете да сонувате за голема љубов.

На слободните припадници љубовта ќе им се насмевне кон крајот на годината.

Не го запоставувајте здравјето и од посебно значење е да одите на редовни прегледи.

Оваа година ќе почнете да размислувате за наследството и за донирање повеќе средства за хуманитарни цели.

Куче (родени во 1922, 1934, 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018)

Ова е ваша година. Позитивно ќе се одрази на сите аспекти во вашиот живот, но тоа не значи дека нема да се соочите со предизвици.

На работното место ќе мора да бидете трпеливи и упорни, односно да се адаптирате на новите ситуации. Ако успеете во тоа, ќе го зацврстите својот карактер, но и ќе ја развиете вештината за успешно преговарање.

Постоечките врски ќе бидат цврсти, а слободните припадници ќе имаат шанса да ја запознаат љубовта на својот живот.

Редовно одете на прегледи и контролирајте го своето здравје ако не сакате непријатни изненадувања.

Свиња (родени во 1923, 1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007)

Во годината на кучето ќе се чувствувате добро во своја кожа, ќе бидете непопустливи и подготвени да се справите со сите изненадувања.

На љубовен план ве очекуваат страсни моменти, без оглед дали сте слободни или во врска, па дури и брак. Не заборавајте да го изненадите партнерот со поголемо внимание од вообичаено.

Ова не е добра година за промени на кариерата или промени на работното место. Во овој момент важно е да останете каде што сте.

Обидете се да се опуштите и помалку да се полните со негативни мисли, кои ви го трујат здравјето и телото.

М. Д. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Кинески хороскоп за 2024-та: Што ве очекува во годината на змејот? Кој ќе доживее духовно будење, а кој ќе се соочи со финансиски проблеми? Кој ќе ...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Кој е вашиот знак во ромскиот хороскоп и што открива за вас? Ромскиот хороскоп прецизно го опишува карактерот на секој знак. Родените во знак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg