Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Бикот става фотки од храна, Близнаците - селфија: Како се однесуваат хороскопските знаци на социјалните мрежи?

bikot-stava-fotki-od-hrana-bliznacite-selfija-kako-se-odnesuvaat-horoskopskite-znaci-na-socijalnite-mrezhi-02.jpg

Вага

Нивните профили секогаш изгледаат прекрасно и шарено, секогаш објавуваат уметнички фотки со посебни ефекти заради кои изгледаат уникатно. Имаат многу онлајн пријатели, но не ги користат социјалните мрежи колку што изгледа на прв поглед. Омилена активност им е блокирање луѓе, а по прегледувањето на туѓите објави, заклучуваат дека сите се здодевни.

Скорпија

Постојат два типа на Скорпии – едните претерано ги користат социјалните мрежи, а другите ги користат колку да видат што се случува кај другите. Првите, објавуваат сè и сешто за другите да им се восхитуваат, а другите имаат строги ограничувања во делот за приватност, па речиси никој не може да види што имаат на нивниот профил.

Стрелец

Тие најчесто објавуваат хумористични постови, прават секакви тестови на личност и ги споделуваат резултатите на профил. Не постои туѓа објава на која немаат оставено коментар, социјалните мрежи им се забава, иако понекогаш знаат да објават некоја провокативна фотка за со лајкови да си го „набилдаат“ егото.

Јарец

Тие секогаш обрнуваат внимание на тоа каков впечаток ќе остават, па им се лутат на пријателите кои знаат на ѕидот да им остават некоја смешна фотка или невкусен коментар. Не објавуваат многу слики, за да не остават впечаток дека само „дремат“ на телефон, а профилите ги користат за промоција на професионални достигнувања и го кријат љубовниот живот.

Водолија

Водолиите исто така објавуваат најчесто смешни видеа, фотки и вицеви. Често се служат и со пораки и мудрости, на кои си коментираат со пријателите. Има периоди кога се активни секој ден, а потоа подолг период забораваат на профилот. Фотките ги објавуваат од забава и воопшто не се грижат како изгледаат.

Риби

Како еден од најкреативните знаци, на Рибите им е важно профилот да им изгледа оригинално. Ставаат фотки со пријатели и семејство, но не премногу селфија, бидејќи не сакаат така да привлечат внимание. Љубители се на инспиративни цитати и објавуваат омилени песни. По тешко раскинување, може да стават и неколку срцепарателни статуси.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани според манипулативност – кој најмногу ќе ви го „загорчи“ животот? Раковите можеби не се проблематични како Скорпиите и Близнаците, но знаат како д...
Кој е вашиот елемент во астрологијата и што кажува за вас? Огнените знаци – Овен, Стрелец и Лав – се храбри, страсни и самоуверени. Притисо...
Кои се најлошите астролошки комбинации за снаа и свекрва (и зошто)? И Скорпијата, и Водолијата се силни знаци, но со многу различни начини на размис...
4-те хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите тетки (и внуците ги обожаваат) Дали сте им омилената личност на вашите внуци? Дали спаѓате во листата на најдоб...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
5 хороскопски знаци кои раскинуваат преку порака (и немаат грижа на совест) Од Бикови може да очекувате порака како „еј, треба да зборуваме“, а потоа с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg