Хороскопот и неверството

Овните пробуваат да се воздржат од прељуба, Бикови почнуваат да изневеруваат дури кога потполно ќе созреат, pетко која Вага останува верна на својот партнер, Јарците се амбасадори на верноста и често знаат да ги осудат оние кои изневеруваат...

horoskopot-i-neverstvoto-01.jpg

Каков е вашиот знак?

Овен
Овните пробуваат да се воздржат од прељуба колку што можат, но за жал, на крајот секогаш попуштаат. Имено, во неверстрво тргнуваат дури кога монотонијата ќе се вовлече во нивната врска. Мааната на Овните е тоа што кога ќе се „запалат” многу брзо можат да бидат откриени. Едноставно, тие се едни од ретките кои ја губат главата за страст. Имаат исклучително здрава и изразена сексуалност, па баш поради тоа и не се воздржуваат. Овните се нескротливи и едноставно такви треба да ги прифатите.

Бик
Оние Бикови кои го сакаат сексот, стануваат зависни од него. Биковите се или страствени, или тотално незаинтересирани. Заштитник им е Венера, па поради кај нив тоа се почнува од љубовта, па кога сè ќе тргне како што треба, можат да се впуштат во страст. Повеќето Бикови почнуваат да изневеруваат дури кога потполно ќе созреат, но кога изневеруваат изневеруваат професионално. Инаку, кога ќе ги споредите со другите знаци Биковите се најверни и со нив сте најсигурни.

Близнаци
Ретко кој може да изневерува така успешно како што го прават тоа Близнаците. Строго внимаваат на секој повлечен потег како не би ги разоткриле. Лесно се впуштаат во прељуба во која ги повлекуваат своите пријатели кои ги прикриваат. Ретко кој знак успева да ги раздвои емоциите од страста како Близнаците. Нема ни да приметите, а веќе сте станале плен. Доколку сакате Близнаците да ги фатите во прељуба ќе биде доволно да им поставите неколку брзи и лукави прашања и самите ќе се издадат.

Рак
Раковите се спонзоруши. Раковите најмногу ги сакаат парите, а нивните партнери можат да бидат сигурни дека ќе ги сакаат сè додека имаат пари. Се грижат само за себе, другите не ги интересираат, освен ако немаат деца. Единствено важно во нивниот живот се децата, а партнерот губи на вредност чим ги добијат. Доколку некој им покаже новчаник полн со пари, сигурно нема долго да се мисли пред да се одлучи да го изневери партнерот.

Лав
Како што веќе знаете, Вавот е огнен знак, што само по себе многу кажува. Поседуваат голема сексуалност. Врската или бракот никогаш нема да ги смири независно од тоа во колкава љубов се со партнерот. Повеќето ги привлекува опасноста поврзана со неверството. Многу Лавови не умеат да го контролираат адреналинот во своите вени, па едноставно и се препуштаат на страста која ја чувствуваат дури и во воздухот. Егото за многу од нив е на прво место и имаат потреба постојано да го хранат. Покрај Лавот можете да заборавите на верност.

Девица
Многу Девици изневеруваат кога се незадоволни во својата врска или бракот. Во спротивно неверството не им доаѓа ни на крај на памет. Верноста им е најважна од сè! Имено, доколку Девицата изневерува, партнерот тоа веднаш ќе го забележи, бидејќи ќе слушне многу маани и недостатоци на своја сметка. Кога изневерува, изневерува квалитетно и тоа ретко со една личност.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Една работа што хороскопските знаци никогаш не ја простуваат во љубовта Иако Близнаците уживаат во дебати и разговори, мразат кога некој ги провоцира, с...
Какво детство сте имале, според хороскопскиот знак на вашата мајка? Ако вашата мајка е родена во знакот на Стрелец, тогаш вашето детство била една д...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Една работа што треба да ја слушнете пред да стапите во брак, според месецот на раѓање Мај – не си дозволувајте животот да ви стане монотон штом ќе стапите во брак. Из...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
Три судбински промени за секој хороскопски знак во 2026-та - Што да очекувате следната година? 2026-та нема да биде година на грандиозни планови, туку на повеќе помали, внатре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg