Што го депримира секој хороскопски знак?

sto-go-deprimira-sekoj-horoskopski-znak-02.jpg

Вага

Заради тоа што се прецизни и сакаат да контролираат, Вагите се чувствуваат депресивно кога работите се менуваат без нивно знаење. Дури и најмалата промена во последен момент ги прави очајни.

Утеха наоѓаат во излегувања со пријателите и сметаат дека патувањата лесно ќе ги извлечат до емотивната криза.

Скорпија

Скорпиите обично минуваат низ животот без страв, ризикуваат кога и да можат и уживаат во тоа. Но, нивната смртност ги преплашува. Фактот дека ништо не трае вечно, па ни самите тие, лесно ги депримира Скорпиите.

За среќа, се како феникс кој се издига од пепел, па секое разочарување за нив е предизвик и лекција. Кризите ги поминуваат без многу луѓе и жалење.

Стрелец

Осаменоста е најголемиот непријател на Стрелецот. Иако добро се чувствува кога е сам, се плаши дека ќе ги загуби блиските личности. Стрелецот сака да биде сам, но во моментот кога ќе сфати дека може да замине од овој свет без да биде запаметен, станува очаен.

Речиси никогаш не кажува кога нешто го мачи, па своите депресивни мисли ги искажува на ироничен, хумористичен начин. Секогаш наоѓа начин како сам да се расположи.

Јарец

Идејата дека старее и „му снемува време“ вистински знае да го бутне Јарецот во депресија. Понекогаш не може да се помири дека стареењето е природен процес.

Во тие депресивни моменти се повлекува и зазема одбранбен став. Јарците во суштина, се прилично склони на депресија и анксиозност.

Водолија

За Водолиите нема нешто пострашно од тоа кога ќе им кажете дека не се во право и дека погрешиле. Тоа ги тера да останат будни со часови, да анализираат и да западнат во депресивни мисли.

Имаат краток фитиљ и комуникацијата ја сведуваат на минимум кога се во депресивно расположение. Издувен вентил им се саканите личности.

Риби

Најчесто лошото расположение на Рибите потекнува од нивното семејство. Рибите не можат да ги поднесат конфликтите помеѓу домашните и недостатокот на хармонија дома им предизвикува депресија.

Сакаат да раскажуваат колку се депресивни и често ја користат фразата „никој не ме разбира и не знае колку е тешко.“

М. Д. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
5 месеци во кои се родени луѓето што се вечни оптимисти (и зрачат позитива) Родените во декември ретко дозволуваат лошите денови да ги оттурнат. Тие се прир...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Какво детство сте имале, според хороскопскиот знак на вашата мајка? Ако вашата мајка е родена во знакот на Стрелец, тогаш вашето детство била една д...

Најчитани неделава