Новогодишен хороскоп: Како секој од знаците го украсува домот за време на празниците?

noivogodisen-horoskop-kako-sekoj-od-znacite-go-ukrasuva-domot-za-vreme-na-praznicite-3.jpg

ВАГА

Славењето за љубовта за вас е најважно за време на празниците, бидејќи сте големи романтичари. Домот го украсувате со срциња во сите големини од различни материјали.

Можеби сте единствените кои се спремни да купат розова елка. Особено вешти сте во изработката на оригами, а ве привлекуваат кинеските и јапонските новогодишни, декоративни теми.

Фокусирани сте на партнерот и на големо го планирате неговиот новогодишен подарок.

СКОРПИЈА

Вие сте тип кој обожава топло чоколадо, домашни кекси, сервирани во убави шолји и чинии со празнични мотиви. Сакате зеленило во домот и минималистички, но скапи украси. Боите на есента како портокалова и златна особено ве привлекуваат кога станува збор за китењето на домот.

Во овој период од годината сакате да мирувате во совршено украсен дом со многу сијалички и целосно да се опуштите, подготвувајќи се за вртење нова страница во новата година.

СТРЕЛЕЦ

Кај вас во домот врие од украси во облик на најразлични животни, елени, ирваси, мечиња како и големи, декоративни, стаклени топки полни со снег.

Ги сакате и малите фигури-војничиња како оние од балетот Оревокршачка, па за сите нив имате посебно место во домот. Иако сакате да патувате, за време на новогодишните празници добивате желба да се скрасите дома и конечно малку да здивнете.

noivogodisen-horoskop-kako-sekoj-od-znacite-go-ukrasuva-domot-za-vreme-na-praznicite-4.jpg

ЈАРЕЦ

Вашиот знак е поврзан со течењето на времето. Особено многу ги сакате старите часовници, па добро би било да украсите некој од нив и да го поставите во центарот на вниманието.

Сакате и украсни ленти и ги поставувате на стратешки места во домот со цел да ја доловите празничната атмосфера. Како што се приближуваат празниците полека ви навираат спомените од детството, трпезата и почнува да ве фаќа носталгија за тој период, па најчесто се обидувате да го копирате тоа време. Можеби е вистинскиот момент да си започнете со свои традиции.

ВОДОЛИЈА

Ќе ве израдува имагинативна и необична елка украсена со еднорози, змејови, мали ангелчиња, од сè по нешто кое ќе ви предизвика насмевка на лицето.

Ги сакате украсите кои го вклучуваат Дедо Мраз и неговата санка. Сакате декорации на домот кои опфаќаат мала доза на хумор. Со радост украсувате, а со тешко срце го раскитувате домот. Што се однесува до вас, радо би ги чувале украсите во текот на целата година.

РИБИ

Вашата наклонетост кон морето ви овоможува да ги извадите конечно сите собрани школки и на некој начин да ги вклопите во новогодишните декорации. Обожавате смирени, пастелни тонови, наспрема сето златно, црвено, сребрено, типично за празниците.

Вие сте тие што ќе одберете украси во бела боја, тиркиз или лаванда. Во овој период од годината сакате да седите дома удобно стуткани под ќебето, да пиете топол чај, да читате книги и да гледате божиќни филмови.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Кинески хороскоп за 2024-та: Што ве очекува во годината на змејот? Кој ќе доживее духовно будење, а кој ќе се соочи со финансиски проблеми? Кој ќе ...
Што да правите во зима за да се чувствувате посреќни, според хороскопскиот знак? Бикови, размислете што можете да промените во домот - дали можеби ќе ставите нек...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
5 хороскопски знаци кои сами си ги саботираат љубовните врски Близнаци, вие сте импулсивни, а токму со оваа карактеристика си ги саботирате вр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg