Девиците се во паника, Бикот ќе се „комира“ од храна и вино – Хороскопските знаци во празничната сезона

Вага

Ова е одличен период кога може да ја покажете вашата хумана страна. Вие тајно ќе донирате пакетчиња и играчки и облека на сите оние кои немаат доволно.

За вас празниците значат подарување и споделување среќа. Најсреќни сте кога им предизвикувате насмевка на другите околу вас.

Скорпија

Овој период од годината го вади најдоброто од вас. Расположени сте, а вашата романтична страна испливува на површината.

Сепак, ова не ви е доволно, потребен ви е жежок, празничен секс за да го поминете овој „стресен“ период.

Вистината е дека сте во потрага по љубов, а празниците се најдоброто време за тоа.

Стрелец

Вие планирате да ги поминете празниците во друштво на најблиските. Сакате да пиете шампањ и доколку е возможно да отидете на лизгалиште, но ова изгледа нема да биде возможно, па ќе најдете алтернатива на отворено.

За вас празниците се одлично време за флерт и запознавање нови луѓе, но пандемијата може малку да ви ги промени плановите. Но, како и да е, вие ќе најдете начин да си поминете најубаво.

Јарец

Семејството ви е приоритет во секој момент од годината, а празниците не се исклучок. Веќе сте потрошиле премногу време и пари во потрагата по совршен подарок за секој од нив. Ова е време кога сакате да ги „наполните“ батериите, а тоа најдобро го правите во кругот на семејството и саканите.

Водолија

Ги сакате празниците, а особено многу ѝ се радувате на Новата година. Вие веќе го имате списокот на новогодишно одлуки кои планирате да ги остварите од првата до последната. За чудо, полни сте со позитивна енергија и имате неверојатен апетит за новогодишни колачиња.

Риби

Вие сте вистинска дефиниција за празнична магија. Домот ви ечи од новогодишни и божиќни песни. На ТВ постојано се вртат филмови со празнична тематика.

Сакате домот да ви мириса на печени колачи и варено вино. Имате толку многу празнична енергија, што секој намуртен ќе успеете да го премислите и развеселите за време на празниците.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Во кои месеци од годината се родени луѓето кои „живеат за драма“? Кои се најдраматичните луѓе и обожаваат да слушаат за животите на другите, дури ...
Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
На што да се фокусирате до крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак? Скорпии, главниот фокус до крајот на годината треба да ви биде вашата флексибилн...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Годишен хороскоп за 2026: Овен 2026-та година ќе биде охрабрувачка за Овните на повеќе нивоа. Користете ја секо...
Годишен хороскоп за 2026: Вага Во текот на годината ќе имате финансиска стабилност, но сепак немојте да ризикув...

Најчитани неделава