Медицински хороскоп: Кој дел од телото ви е силна страна, а кој ви носи проблеми, според знакот?

Близнаците се склони кон анксиозност, проблеми со нервоза, болести поврзани со пушењето и проблеми со дишењето. Скорпијата владее со репродуктивниот систем, половите органи, цревата и екскреторниот систем. Кој е вашиот доминантен дел од телото, а на што треба да внимавате, според хороскопот?

medicinski-horoskop-koj-del-od-teloto-vi-e-silna-a-koj-slaba-strana-spored-znakot-01.jpg

Постојат многу астролози кои непрекинато ја доградуваат тезата којашто вели дека секој хороскопски знак има свој „доминантен“ дел од човечкото тело, којшто одговара на нивниот знак или пак дел од телото што има некои „активирачки точки“ на коишто особено треба да внимаваме.

Во основа, одреден процент лекари веруваат дека секој хороскопски знак има влијание врз одреден дел од вашето тело, што поконкретно би значело дека одредени знаци од Зодијакот се склони на болка или медицински компликации во одредени области.

Бидејќи астрологијата се користи главно како креативна алатка за самооткривање, од каде потекнуваат овие медицински идеи?

Најраниот текст за астрологијата го напишал Маркус Манилиус, поет и астролог, автор на „Астрономика“, дело коешто ја оцртува практиката на астрологијата во медицината и во духовната пракса, некаде околу почетокот на првиот век.

Идејата зад медицинската астрологија е всушност верувањето дека знаците во Зодијакот имаат влијание и моќ да ви прикажат на кој дел од вашето тело треба да обрнете повеќе внимание.

Во секој случај, навистина лесно може да се докаже дека идеите што стојат зад медицинската астрологија се чиста фантазија, но сепак многубројни студии врз одредена старосна граница покажале навистина поклопувачки резултати.

Во продолжение дознајте кои делови од човечкото тело одат во комбинација со вашиот хороскопски знак:

Овен

„Сѐ е во ред, освен што полудувам, но добро е...Добро сум“.

Овни, се препознавте ли?!

Ѕвездите предодредија да бидете први во сè. Вашите владејачки делови од телото се лицето, главата и мозокот.

Овните се склони кон мигрена, повреди на главата и притисок на синусите.

За еден Овен, масажата е нешто кое сосема ќе го врати назад, за повторно да биде „свој на своето“.

Бик

„Слушај, да ти кажам нешто...“

Бикови се „паметниковци“, нивниот силен адут е грлото, вклучувајќи го и вратот, тироидната жлезда и гласните жици.

Биковите често имаат долг или дебел врат и тој е нивната извонредна карактеристика.

Биковите имаат особени музички афинитети.

Близнаци

„Не сум импулсивен, само сум малку нервозен..“

Близнаците управуваат со нервниот систем, кој ги вклучува рамената, белите дробови, рацете, дланките и прстите.

Тие како „близнаци“ ја демонстрираат двојноста на овие делови од телото, од кои по два, се делат по средината.

Близнаците се склони кон синдром на карпален тунел, анксиозност, проблеми со нервоза, болести поврзани со пушењето и проблеми со дишењето.

Рак

„Имам чудно чувство во градите...Не знам дали е моето срце или моето шесто сетило“.

Силната страна на Раковите се градите, вклучувајќи го и стомакот.

Ракот може да има проблеми со варењето на храната и да се бори со телесната тежина.

Лав

„Добропознато е дека сум најдобриот лидер“.

Не е изненадувачки фактот што величествениот Лав на големо владее со силата и емоциите.

Срцето е центар на неговиот физички и емоционален живот.

Без тоа, крвта не би се испумпувала за да ги задоволи потребите на другите органи.

Симболично, ова ја претставува способноста на Лавот да води, да комуницира и да спроведува и одржува ред.

Девица

„Само се обидувам да го заборавам ова чувство во моите црева… Не сум сигурен дали изедов премногу храна, или сепак тоа е мојата внатрешна вознемиреност“.

Девицата владее со дигестивниот систем, кој ги вклучува цревата и слезината.

Овие луѓе имаат инстинктивна интуиција за нивната благосостојба и како такви се свесни за повеќето здравствени знаци.

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои немаат лош збор за бившите (и зошто) Стрелец: Тие се познати по својот ведар и слободен дух, па знаат дека разделбата...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
5 хороскопски знаци на кои им е најважно да мирисаат убаво Скорпија - Тие сакаат да мирисаат заводливо и интригантно. Сакаат моќни парфеми ...
4 хороскопски знаци кои сакаат да трошат пари на луксузни работи Рак - Кога станува збор за екстравагантен вкус, тогаш на Раковите никој не им е ...
3 хороскопски знаци кои ќе останат до својот брачен партнер без разлика на сè Рак: Семејството има специјално место во нивното срце. Тие се идеални брачни пар...
3 хороскопски знаци кои мечтаат за едноставен живот на село (и да си одгледуваат своја храна) Вага: Сакаат да бидат надвор, да уживаат во едноставен живот во рурална средина ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg