Хороскопските знаци и нивните стравови: Овен - нападот е одбрана, Стрелец - глуми дека не е ништо

Вага – наоѓа баланс во остатокот од животот

Не сакате да се чувствувате како да сте излезени од колосек и нешто да ве избезумува, па секогаш се обидувате да се спуштите на земја и стабилизирате. Ако нешто ве плаши, вие наоѓате утеха и безбедност така што постигнувате баланс со други работи – нудите помош на некој близок или се фокусирате на нешто друго што ви привлекува внимание.

Скорпија – се повлекува од светот

За почеток, многу малку работи може вистински да ги исплашат родените во овој знак, но сепак, секој минува низ вакви моменти. Кога се плашите вистински од нешто, ставате блокада на тоа. Може да се повлечете накратко од сите и да се затворите во свој свет додека не се почувствувате подобро. Одбивате да направите простор стравот да живее во вас постојано и да се потсетувате на него.

Стрелец – се преправа дека ништо не се случува

И Стрелците имаат стравови како и сите останати, но одбиваат да ги игнорираат велосно. Додека можете, се преправате дека ништо не е погрешно и нема ништо лошо што се случува. Дури и ако знаете дека е така, вие го наоѓате позитивното во случувањето.

Јарец – се впушта во нешто продуктивно

Не сакате да се соочувате со стравовите и подобро се чувствувате кога енергијата ќе ја насочите кон нешто продуктивно. Ако најдете нешто во што може да се покажете и да постигнете нешто, верувате дека тоа ќе ве направи безбедни и сигурни.

Водолија – размислува на нешто пострашно што може да се случи

Повеќе сакате да го поминете времето на брејнсторминг и да се сетите дека постојат многу пострашни работи од кои навистина треба да се плашите отколку да се фокусирате на моменталниот страв. Кога ќе размислите на сите луди работи што може да се случат, тогаш вашиот страв станува помал.

Риби – им помага на другите да се справат со нивните стравови

И вие како и сите останати си имате свои стравови кои ве мачат, но наместо да се фокусирате на нив, вие се грижите за туѓите грижи. Полесно ви е да бидете рамо за плачење на некој близок и да му понудите помош како да се справи со своите проблеми, бидејќи така вашите стравови изгледаат помали за вас.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...
Која домашна обврска најмногу му одговара на секој хороскопски знак? Лавови, вие обожавате да миете садови затоа што сте убедени дека никој не го пра...
Како најлесно да заштедите пари, според хороскопскиот знак? Бикови, вие сметате дека луксузот не е привилегија, туку право на секој човек, п...
Како секој хороскопски знак ќе го промени светот (на подобро)? Риби, вие сте им како емоционален водич на другите. Им помагате да ги разберат с...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
4 хороскопски знаци кои постојано очекуваат да се случи нешто лошо Скорпии, неретко мислите дека не заслужувате да бидете среќни, па тешко ви е да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg