Лицето на Бикот го облева руменило – Како реагираат знаците кога ќе се најдат во незгодна ситуација?

Вага

Вие сте кралица на самозалажувањето, па така и во најнезгодната ситуација ќе се убедите дека сè е во ред. И дека можело да биде и полошо. Дека ништо не е страшно. Од честото повторување на ваквата лага на крајот таа за вас станува вистина.

Скорпија

Ја вртите работата кон шега. Секоја незгодна ситуација за вас претставува одлична можност да ја извадите со добар виц. Ова не им одговара на другите околу вас, но потајно ѝ се восхитуваат на вашата сила како може да најдете смеа и оптимизам речиси секаде.

Стрелец

Во незгодните ситуации вие се „смрзнувате“. Замолчувате и за вас важи правилото „молчењето е злато“. Што добро може да излезе доколку ја отворите устата? Наместо да зборувате вие само набљудувате како се одвиваат настаните и мудро ја учите лекцијата за следниот пат.

Јарец

Во вашиот речник не постои ситуација којашто е „незгодна“. Вие може да се извадите речиси од секаква ситуација, а тие се можност да се покажете во најдоброто можно светло. Ништо чудно да направите добра бизнис зделка или одлука од лошата ситуација и да излезете како победник.

Водолија

Во незгодни ситуации почнува да ве фаќа параноја. Убедени сте дека постои некој заговор против вас, сите ве мразат, потајно ви се смеат зад грб и ме озборуваат. Почнувате со нервозни тикови – гризење нокти, тропкање со прстите по масата, вртење на перче од косата. Вие сте кралица на драмата и тоа го покажувате најмногу во незгодните ситуации.

Риби

Не ве „фаќа место“. Нервозно се шеткате од едниот до другиот крај од просторијата. Анализирате до исцрпување – каде и како згрешивте и се најдовте во оваа ситуација? Има ли лек за неа? Седнувате и почнувате да цртате детален план како да се извадите од неа. На крајот заспивате преморени со половина испиено шише вино.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Хороскопски знаци кои памтат сè, па дури и работите што сакате да ги заборават На некои хороскопски знаци ништо „не им бега“, без разлика дали станува збор за ...
Една ваша особина што најмногу ги плаши другите, според месецот на раѓање Ако сте родени во април, вие сте избувлива личност и другите не сакаат да бидат ...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според месецот на раѓање Оние кои се родени во декември, секогаш бараат проблеми, додека родените во јану...
Зошто не најдовте љубов во 2025-та, според месецот на раѓање? Вашата тврдоглавост, вашите преголеми амбиции или стравот дека ќе бидете повреде...

Најчитани неделава