Стрелецот е склон кон дебелеење, Јарецот има слаби коски – која храна треба да ја консумира секој од знаците за подобро здравје?

Вага

Вагите се подложни на заболување на бубрезите и често пати се соочуваат со промени во расположението. Треба да избегнуваат газирани пијалаци, алкохол и рафиниран шеќер или барем нивниот внес да го сведат на минимум. 

Карфиол, боровинки, грозје, лук, маслиново масло, зелка и пиперки ќе помогнат во подобро функционирање на бубрезите, а за полесно варење Вагите треба да јадат пилешко месо, но без кожа, затоа што на овој начин ќе се олесни варењето на храната во организмот, што пак ќе помогне тие да останат посмирени.

Скорпија

Припадниците на овој знак имаат голема веројатност да се соочат со проблеми со уринарниот систем, односно воспаление на мочниот меур и инфекции. Затоа, им се советува да избегнуваат алкохол и масна храна, додека им требаат повеќе течности, па затоа треба да пијат многу вода.

Аспарагус, краставица, банани, бадеми, кокос, праз, домати и зелена салата се одличен избор за здравје на Скорпијата, додека јадењето цреши, урда, кромид и пашканат може да го подобри нивното расположение.

Стрелец

Стрелецот е знак склон кон дебелеење. Прекумерната тежина може да резултира со повеќе здравствени проблеми, поради што треба да се држат настрана од чоколадо, солени сосови и шеќер. 

Стрелецот треба да јаде храна богата со протеини како цвекло, домати, сливи, пилешко и риба. Цели житарки, круши, јаболка, портокали, јагоди и корен зеленчук се исто така добар избор за нив.

Јарец

Јарецот има послаби коски и заби во споредба со другите хороскопски знаци. Треба да избегнува солена храна, чоколадо и мешунки, а треба да консумира храна богата со калциум како млеко, јогурт, сирење, сардини, грав, леќа и смокви. 

Во намирниците во кои може неограничено да ужива се вбројуваат ориз, овошни сокови, овошни салати, зелка, пченка, чаеви и супи.

Водолија

Циркулацијата на крвта е важна за здраво тело, а Водолијата е знак кој има најмногу проблеми со неа. Водолијата треба да јаде храна што не врши преголем притисок врз срцето, а масната, солена и слатка храна не се вклопуваат во менито.

Добар избор за Водолијата е јастог, туна, спанаќ, пченка, бадеми, ореви и круши, како и овошни сокови, јаболка, портокали, круши, целер, пченка, моркови, домати и брокула.

Риба

Храната што го поддржува здравјето на крвта, црниот дроб и мозочните функции е одличен избор за Рибите. Треба да избегнуваат алкохол, масна и солена храна, како и кафе.

Храната богата со железо и протеини како жолчки, школки, црн дроб, јачмен, грав, спанаќ, зелена салата, суво грозје, урми и посно говедско месо е многу корисна за одржување на здравјето на Рибите. Овошјата како јаболка, грозје, портокали, сливи и праски, исто така, придонесуваат за нивното добро здравје.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg