Какви се врските со партнери кои делат ист хороскопски знак – дали ќе остарете заедно?

ВАГА – ВАГА

Овие два хороскопски знака можат да бидат заедно само ако обајцата разберат за што вреди да се дискутира. Секој од нив сака хармонија и повеќе би сакал да попушти отколку да се расправа за секакви ситници. Нивната компатибилност зависи од тоа колку двајцата се свесни за тој факт.

СКОРПИЈА – СКОРПИЈА

Ова е една од најдлабоките и најинтензивните врски во зодијакот помеѓу два исти знака. Врската ќе биде исполнета со многу секс, страст, но и лудило. Љубомората и посесивноста на крајот ќе ги уништат, што значи врската не е одржлива на подолги патеки.

СТРЕЛЕЦ – СТРЕЛЕЦ

На два Стрелци им е тешко да воспостават стабилна врска, едноставно затоа што и двајцата сакаат да се натпреваруваат и се плашат дека едниот ќе почне да ја ограничува слободата на другиот. За среќа, и двајцата се искрени еден со друг, што може да ја олесни природната некомпатибилност.

ЈАРЕЦ – ЈАРЕЦ

Врската помеѓу два Јарци може да трае долго, бидејќи и двајцата се свесни дека на другиот му треба живот и надвор од врската. Бидејќи го почитуваат туѓото време и работата на партнерот, двајцата Јарци се во состојба полека да ја продлабочат врската во која ќе ги делат заедничките вредности.

ВОДОЛИЈА – ВОДОЛИЈА

Две Водолии може да бидат одлични пријатели охрабрувајќи се еден со друг, додека се водени од внатрешните нагони. Сепак, ова може да создава и голема непријатност во поглед на емотивната врска, па иднината е нестабилна за двајцата.

РИБИ – РИБИ

На прв поглед, тие може да изгледаат како хармоничен пар. Две Риби ги планираат своите соништа заедно, но не ги остваруваат и тоа создава отпор и пречка. На двајцата им е важно да не го жртвуваат својот личен карактер до степен да станат огорчени или инертни.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

5 хороскопски знаци кои живеат во хаос (и не знаат поинаку) Близнаци - Додека другите се дават во драмата, тие буквално „сурфаат“ низ н...
4 хороскопски знаци кои ќе пронајдат љубов пред новата 2026-та Тврдоглавоста често ве спречува да се опуштите во љубовта, но вистинската личнос...
4 хороскопски знаци кои се борат да се вклопат во средината (и зошто) Перфекционистите на Зодијакот, Девиците тешко се помируваат со какви било соција...
Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
3 хороскопски знаци на кои ќе им падне камен од срце во февруари (и ќе им дојдат полесни денови) Кои хороскопски знаци после долг период на грч и стрес конечно ќе почнат да диша...
Три хороскопски знаци кои ќе доживеат финансиски бум до март 2026 Првите три месеци во 2026-та година може да донесат ненадеен финансиски пресврт,...

Најчитани неделава