Зошто е толку неверојатно тешко да ве сакаат, според хороскопскиот знак

Бик - Затоа што сте тврдоглави, секогаш сакате да биде по ваше, одбивате да правите компромиси и фокусирани сте на тоа секогаш да бидете во право.

zoshto-e-tolku-neverojatno-teshko-da-ve-sakaat-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Која карактеристика ве прави тешки за партнерите? Со што им предизвикувате мака на партнерите?

Зошто е тешко да ве сакаат?

Овен

Затоа што имате немирен дух, мразите рутина, лесно ви здосадуваат работите и правите луѓето да чувствуваат дека не се доволно возбудливи за вас.

Бик

Затоа што сте тврдоглави, секогаш сакате да биде по ваше, одбивате да правите компромиси и фокусирани сте на тоа секогаш да бидете во право.

Близнаци

Затоа што избегнувате да носите одлуки, сакате другата личност да избере сè за вас, не прифаќате одговорност за носење на одлуки и целата работа му ја препуштате на партнерот.

Рак

Затоа што сте премногу фини, никогаш не врескате, никогаш не барате ништо, не се жалите и секогаш се согласувате со партнерот за сите работи, постојано правите жртви за да ги усреќите другите и на крај сте неавтентични и здодевни.

Лав

Затоа што се грижите премногу што мислат другите, дури го тренирате партнерот што да каже во јавност или пред вашето семејство, правите 50 фотографии за да изберете една совршена и повеќе сте концентрирани на тоа како изгледа вашата врска, отколку каква е навистина.

Девица

Затоа што постојано имате штит околу себе, правите шеги кога работата е крајно сериозна и се смеете кога имате проблеми, наместо да разговарате за нив и да ги решавате, никогаш не ја прикажувате вашата реална, ранлива страна.

Уште 6 хороскопски знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Со што ги нервирате пријателите, според хороскопскиот знак? Близнаци - површни се и можат со часови да зборуваат само за себе и своите интер...
Кој е вашиот знак во ромскиот хороскоп и што открива за вас? Ромскиот хороскоп прецизно го опишува карактерот на секој знак. Родените во знак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg