Токсични и опасни – најљубоморните знаци во зодијакот рангирани од најлош до најмалку љубоморен

Јарец

И Јарецот не се вбројува во категоријата на љубоморни луѓе за разлика од првите 5 знаци. Дури и кога се јавува мала доза на љубоморни чувства, тие не реагираат ама баш никако на ваквите ситуации.

Јарците имаат навистина силна самоконтрола и за нив љубомората е бесмислено губење на време и нерви.

Вага

Вагата е знак којшто навистина има многу разбирање за другите. Кога работите не одат онака како што тие сакаат, тие смирено го прифаќаат ова.

Една Вага да биде љубоморна е навистина редок случај. Вагите не сакаат ниту соочувања ниту конфликти, па доколку им се јави мало чувство на љубомора, никогаш нема да дознаете.

Стрелец

Ова е навистина конфузен знак кога станува збор за оваа тема – се чини дека Стрелецот никогаш не е љубоморен. Тие се оптимистични и дружељубиви луѓе кои немаат време за ова.

Не сакаат кога некој ги задржува назад или им ја загрозува слободата. За нив важи девизата – не прави им го на луѓето она што не сакаш тие да ти го прават на тебе.

Водолија

И Водолијата е еден од знаците кои не се воопшто љубоморни. Тие може да најдат решение за секој проблем, а не сакаат да се чувствуваат несигурно.

Доколку сепак се јави мала доза на љубомора тие ќе седнат и отворено ќе разговараат на темата во потрага по решение. Додека не го решат проблемот, нема да се откажат.

Риби

Ова е знакот што апсолутно никогаш не чувствува љубомора за ништо. Завидливоста им е непознат поим затоа што се многу емпатични луѓе, исполнети со разбирање и трпение за другите.

Доколку по некое чудо сепак развијат емоција на љубомора нема да сторат ништо во врска со тоа, односно ќе се преправаат дека не постои.

Близнаци

Близнаците не чувствуваат љубомора само поради една причина – навистина не им е гајле! Токму поради ова, Близнаците се едни од најдобрите пријатели што ќе ги посакате во животот.

Тие се луѓето кои се ставаат себеси на првото место, но исто така им даваат и безрезервна, лојална поддршка на блиските. Наместо да бидат љубоморни, тие ќе навиваат за вас.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци кои памтат сè, па дури и работите што сакате да ги заборават На некои хороскопски знаци ништо „не им бега“, без разлика дали станува збор за ...
4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
Три хороскопски знаци кои ќе имаат најмногу среќа до крајот на јуни 2026 До крајот на јуни 2026 година, три хороскопски знаци би можеле да доживеат голем...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
5 месеци во кои се родени луѓето што се вечни оптимисти (и зрачат позитива) Родените во декември ретко дозволуваат лошите денови да ги оттурнат. Тие се прир...

Најчитани неделава