Кој хороскопски знак е вашето куче (и што кажува тоа за него)?

Ovnite-obozhavaat-priroda-Rakovite-se-skloni-na-debeleenje-Shto-kazhuva-horoskopskiot-znak-za-vasheto-kuche 02 630x400.jpg

Вага (23 септември - 22 октомври)

Нивната цел е да создадат хармонија, убавина и спокојство. Тие се познати по својот шарм и имаат дарба лесно да чувствуваат што им треба на другите.

Кучињата управувани од Венера имаат привлечни личности и се длабоко приврзани за други домашни миленици и луѓе.

Тие претпочитаат друштво наместо да бидат сами и често сакаат да ги следат своите луѓе наоколу.

Силни страни: Имаат смирувачко присуство. Социјални. Пркосат со добар физички изглед.

Слабости: Премногу приврзани и плашливи. Не сакаат да бидат сами.

Скорпија (23 октомври - 21 ноември)

Кучињата во овој знак се вистински „психолози“ кои при воспоставување контакт со очите на сопствениците, се чини дека можат да ги читаат нивните мисли.

Обожаваат да бидат лојални на една личност. Им треба малку време за да изградат доверба, но кога ќе го направат тоа, имате пријател и сојузник за цел живот.

Силни страни: Независни и посветени.

Слабости: Може да бидат антисоцијални. Не простуваат лесно. Понекогаш се кријат на места каде што не можете да ги најдете.

Стрелец (22 ноември - 21 декември)

За овие кучиња животот е смела авантура. Тие се познати по големите соништа и љубовта кон патувањето.

На кучешките Стрелци им треба простор за шетање и може да се чувствуваат вознемирени кога се принудени да останат во затворени простории. Најсреќни се кога поголем дел од времето се надвор.

Силни страни: Одлични за патувања. Комични карактеристики благодарение на кои никогаш нема да ви е здодевно.

Слабости: Често им е здодевно. Понекогаш се импулсивни.

Јарец (22 декември - 19 јануари)

Јарците се поврзани со одговорност, авторитет и моќ. Всушност, тие оживуваат кога имаат можност да научат нова задача или вештина. 

Овие кучиња ги следат наредбите и сакаат да ги завршат своите должности. Тие се одлични кучиња-чувари и често се вистински придружници за вашите деца.

Силни страни: Вистински заштитници. Сакаат деца.

Слабости: Честопати знаат да бидат напорни и флегматични.

Водолија (20 јануари - 18 февруари)

Овие поединци се навистина паметни, но честопати и тврдоглави, рационални и ексцентрични. Милениците во знакот на Водолија подеднакво „маршираат“ по својот ритам и прават свои правила.

Сакаат промени и мразат кога им е досадно. Секогаш се подготвени за нова играчка, трик или прошетка. Екстремно се социјални и дружељубиви со луѓето и другите домашни миленици.

Силни страни: Високо интелигентни и динамични. Сакаат нови работи и луѓе.

Слабости: Понекогаш пркосат со „нервна“ енергија. Не секогаш ги почитуваат наредбите. Потребна е стимулација.

Риби (19 февруари - 20 март)

Кучињата родени во знакот на Риби се длабоко чувствителни и многу интуитивни, им треба простор и тишина. Тие се нежни души - љубезни и грижливи кон своите најмили. Обожаваат да ги следат наоколу и да спијат под покривката.

Исто така, тие го чувствуваат вашето расположение, поради што се одлични кучиња за терапија.

Силни страни: Љубовна диспозиција. Тивки и добри со други домашни миленици.

Слабости: Екстремно чувствителни и премногу приврзани. Може да бидат летаргични.

Мила М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg