Која треба да биде вашата следна професија, според хороскопскиот знак?

koja-treba-da-bide-vashata-sledna-profesija-spored-horoskopskiot-znak-02.jpg

Вага – адвокат

Вие сте роден преговарач, а вашата способност да ја земете предвид страната на сите ве прави одличен кандидат за адвокат.

Вие ја сакате правдата, сакате да ги одбраните немоќните и, генерално, сакате да го направите светот малку подобро место за живеење.

Скорпија – таен агент или детектив

Луѓето никогаш не знаат за што размислувате, но сепак се чувствуваат привлечени кон вас.

Ова ви дава одлична можност да извлечете секакви информации од нив, без притоа да ја откриете вашата вистинска намера.

Со други зборови – секогаш знаете за што мислат другите, но тие никогаш не можат да „ве прочитаат“ вам.

Стрелец – туристички водич

Патувањето е вашето омилено хоби и пред да посетите некоја земја, вие правите детално истражување.

Учите за нејзината историја и култура и, на крај, вие сте поспремни и од локалните водичи.

Покрај тоа, вистински уживате во дружбата со нови луѓе, а ова е уште едно нешто што би ве направило одличен туристички водич.

Јарец – организатор на настани

Со оваа професија навистина ќе можете да ја покажете вашата ненадминлива способност за организирање.

Вие ги помните сите детали, не оставате ништо на случајноста и секогаш планирате до најмалата ситница.

Покрај тоа, сакате да ги усреќувате другите, па ќе ви причинува вистинско задоволство кога ќе имате можност да организирате некој настан што вистински им значи.

Водолија – терапевт

Вие сте личност која сака да им помага на другите, а притоа многу добро разбирате како функционира човечката психа.

Другите сакаат да ви се доверуваат со нивните проблеми бидејќи секогаш им помагате да најдат решение или барем да ја видат светлата страна на лошата ситуација.

Никој не може да ги разбере луѓето како вас, а ова значи дека би биле одличен терапевт.

Риби – водител/ка на ток-шоу

Поради високата емоционална интелигенција, вие знаете како да разговарате со другите и да ги поттикнете да ви се отворат.

Разговарањето со гости во ваше ток-шоу за вас ќе биде како секојдневен разговор со пријател.

Покрај тоа, вие сте љубопитна личност, па никогаш нема да ви недостасуваат прашања.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

5 хороскопски знаци кои сами си ги саботираат љубовните врски Близнаци, вие сте импулсивни, а токму со оваа карактеристика си ги саботирате вр...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Кој нордиски бог ве опишува најдобро, според хороскопскиот знак? Близнаци, вие сте најслични со итриот Локи. Како него, вие сте непредвидливи и б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg