Браво! Талентирана девојка од Скопје создава нереални мурали на зградите и по локалите кај нас
„Често луѓето ја гледаат само финалната слика, но зад секој мурал стојат часови поминати на скеле, работа на сонце, ветер или дожд и многу непредвидливи ситуации. Еден од најдрагите моменти ми е кога ќе видам минувачи како застануваат пред муралите и воодушевено ги фоткаат“, вели талентираната Нина Симовска за CRNOBELO.com.

Нина Симовска е дизајнерка и муралистка, сопственичка на студиото Just Because, кое оваа година одбележува 15 години успешно работење.

Во својата кариера има реализирано девет самостојни изложби, бројни соработки со модни дизајнери и уметници, како и голем број мурали.

Еден од нејзините најпрепознатливи мурали се наоѓа во центарот на Скопје, на почетокот на улицата Максим Горки, и претставува значаен дел од современиот урбан пејзаж на градот.

Нина за CRNOBELO.com вели:
„Мојата работа е спој на креативност, физичка издржливост и многу љубов кон уметноста.

Често луѓето ја гледаат само финалната слика, но зад секој мурал стојат часови поминати на скеле, работа на сонце, ветер или дожд и многу непредвидливи ситуации.

Имало секакви ситуации, од смешни средби со случајни минувачи до печење на сонце на 42 степени. Сепак, токму тие искуства ја прават работата возбудлива.

Еден од најдрагите моменти ми е кога ќе видам минувачи што не ги познавам како застануваат пред муралите и ги фоткаат со заадоволство.


По 15 години работа со студиото Just Because, сè уште ја чувствувам истата возбуда кога започнувам нов проект без разлика дали е изложба, дизајн или мурал високо на скеле.

Што поголем формат и повисоко - тоа подобро“.




