10 ситници од TEMU кои ќе ви го олеснат летото со деца
Налепници за на рака со податоци во случај да се изгубат, мини вентилатори, ремени за преку рамо за носење шишиња, друштвени игри за на плажа и за во автомобил - ситници од TEMU кои ќе ви бидат од корист летово ако имате деца.

Доколку сте од оние кои сакаат да имаат секаков тип на гаџети кои ќе ви го олеснат секојдневието, сигурно веќе сте корисник на TEMU.
Таму дефинитивно може да се најдат секакви ситници, кои посебно може да им бидат од корист на родителите со деца.
За на плажа, за во автомобил или за активности низ дома и во двор, ви предлагаме предмети кои ќе ви бидат корисни.
Секако, пред да нарачате, задолжително проверете го квалитетот и материјалите доколку ви значи тоа, но прочитајте и коментари и оценки за самиот производ.
Неколку идеи:
Алки со поле за пополнување лични податоци и телефонски број во случај детето да се изгуби

Книга со налепници идеална за патувања или како активност во слободно време

Двострано крпче за полесно отстранување песок од кожата на децата

Држач за сладолед за да спречи капење по рацете

Рипчиња и мрежа за ловење за играње во детски базен или корито со вода
