Креативна Македонка направи сама адвент календар за децата - тетрапак пакувањата ги претвори во куќички со подароци (видео)
Ружица Крстева е мајка на три деца која годинава се надмина со направи сам изработката на адвент календар - наместо прозорчиња со подарок за секој ден, таа направи различни куќички од тетрапак млека и сокови, кои ги боеше, црташе и им лепеше прозорчиња, а во нив скри изненадувања за децата.

Адвент календарот е традиција во западните земји, а е поврзан со духовна подготовка за Божиќ (како што е кај нас постот), но е направен за да се создаде чувство на очекување и радост за Христовото раѓање.
Сега веќе е комерцијална традиција и многу почесто може да забележиме дека се продаваат или креативните мајки ги прават сами, дури и кај нас, за да се расположат децата и да им се приредат мини изненадувања на поинаков начин.
фото: depositphotos.com
Најчесто започнува на 1 декември, кај католиците се одбројува до 25 декември (Божиќ), а кај нас многу семејства одбројуваат до Нова година.
Токму такви календари во разни облици, веќе неколку години по ред, прави креативната Македонка Ружица Крстева.
Од тетрапак млека и сокови, таа оформи куќички, ги фарбаше со боја и им лепеше прозорчиња, сама завитка разни подарочиња за своите деца и ги нареди покрај прозор.

„Направив малку магија за моите мали луѓе“ – напиша таа во описот.
На видеото се гледа како чекор по чекор го прави проектот, а ако сте малку повешти и доволно креативни, може да се инспирирате и вие.
Погледнете го видеото:
М. М. | Црнобело
