Идеи за рачно изработени новогодишни украси кои може да ги правите со деца

За новогодишни работилници во градинка, училиште или за викендите дома - ви нудиме идеи какви украси може да направите со вашите деца за да внесете магија во празничниот период и да ги вклучите во рачните изработки. 

idei-za-rachno-izraboteni-novogodishni-ukrasi-mozhe-da-gi-pravite-so-deca-01.jpg

Доколку сакате на децата да им ја пренесете новогодишната магија, вклучете ги во активности поврзани со празниците и декорациите. 

Независно дали ќе биде на работилница или ќе си ги исполните викендите дома, може да правите разни украси од материјали кои ги имате дома (а по потреба може и да докупите нешто). 

Зависно од возраста на детето, одберете соодветен проект кој рачно ќе го изработите, а понекогаш е доволно детето и само да е вклучено и да гледа што може да направат магичните раце. 

Неколку идеи во продолжение:

Елка од дрвени стапчиња залепени како триаголник, украсени со помпом топчиња и други додатоци

idei-za-rachno-izraboteni-novogodishni-ukrasi-mozhe-da-gi-pravite-so-deca-02.jpg

Кругови од ролна тоалетна хартија залепени во форма на елка и обоени со бои

idei-za-rachno-izraboteni-novogodishni-ukrasi-mozhe-da-gi-pravite-so-deca-03.jpg

Елка од парчиња тоалетна хартија залепени едно врз друго (со соодветни димензии) и украсена по избор

idei-za-rachno-izraboteni-novogodishni-ukrasi-mozhe-da-gi-pravite-so-deca-04.jpg

Отпечаток од раката на детето со боја, а потоа со помош на вашите вештини украсено како Снешко или ирвас

idei-za-rachno-izraboteni-novogodishni-ukrasi-mozhe-da-gi-pravite-so-deca-05.jpg

Елка од залепени хартии за колачи и закачени на стапче за сладолед, па украсени со лепенки или други додатоци

idei-za-rachno-izraboteni-novogodishni-ukrasi-mozhe-da-gi-pravite-so-deca-06.jpg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Креативна Македонка направи сама адвент календар за децата - тетрапак пакувањата ги претвори во куќи... Ружица Крстева е мајка на три деца која годинава се надмина со направи сам израб...
Цветанка рачно црта уметнички дела на велигденски јајца: „Сè започна кога ја изгубив мајка ми – така... Во април 2016 ја загубив мојата мајка. Следуваа тешки денови. Додека сите се под...
„Украсив елка стара 40 години“ - Македонка ја врати магијата од минатото, со шарена елка и различни ... „Ја украсив мојата елка, која е стара 40 години, со лампионите и лентите, зачува...
10 кул идеи за новогодишни подароци, од македонските мали бизниси Oд новогодишни куќички со името на вашето дете до меки лампиони, изработени спор...
10 ситници од TEMU кои ќе ви го олеснат летото со деца Налепници за на рака со податоци во случај да се изгубат, мини вентилатори, реме...

Најчитани неделава