15 скриени значења во логоата на најпознатите брендови

8. Google

Дали забележувате дека боите кои го сочинуваат овој знак се главно примарни бои? Единствената буква која е претставена со секундарна боја е буквата Л. Зад ова стои намерата да покажат дека умеат да ги прекршат правилата и да бидат креативни без да го направат логото премногу гломазно.

15-skrieni-znacenja-vo-logoata-na-najpoznatite-brendovi-8.jpg


9. Mercedez-Benz

Логото на оваа компанија е убедливо најхрабриот потег. Трите црти на ѕвездата имаат за цел да ја претстават доминантноста на компанијата во квалитетот и стилот на нивниот производ над сè што е на земја, небо и во воздух.

15-skrieni-znacenja-vo-logoata-na-najpoznatite-brendovi-9.jpg


10. NBC

Доколку подобро се загледате ќе забележите дека самиот знак претставува паун кој има за цел на гледачите да им го потенцира мотото на компанијата која секогаш гледа само на напред и дека се горди на програмите кои ги пуштаат. Боите имале за цел да им покажат на гледачите што пропуштаат ако не користат телевизори во боја за кои RCA во 50-тите сакал да се задржи на црно-бело телевизорите.

15-skrieni-znacenja-vo-logoata-na-najpoznatite-brendovi-10.jpg


11. Volkswagen

Фолксваген се држи до едноставноста и топлината. Во самиот знак сместени се буквите V и W од кои е сочинет брендот. На германски Volks означува луѓе, а wagen автомобил. Брендот во потполност значи „Кола за народот“.

15-skrieni-znacenja-vo-logoata-na-najpoznatite-brendovi-11.jpg


12. Mobil

Значењето на овој знак е во боите од кои се состои. Црвената боја има за цел да прикаже сила, а сината - верба и сигурност. Главните идеи и мотиви на компанијата и што таа овозможува за потрошувачите.

15-skrieni-znacenja-vo-logoata-na-najpoznatite-brendovi-12.jpg


13. BMW

Денес значењето на ова лого се прикажува како пропелер кој се движи и е во сина боја за да го прикаже небото. Тоа е така ако се вратите на корените на оваа компанија која во тој период произведувала воздушни превозни средства. Сепак, во првата деценија од постоење на оваа компанија од формирањето на логото во 1917 година, па сè до 1929 година имал за цел да ги покаже боите на слободна Баварија. Бидејќи тогаш национални знаци не биле дозволени за употреба на логоа и брендови на компаниите, боите се измешани и по 1929-тата добиваат сосема поинакво значење.

15-skrieni-znacenja-vo-logoata-na-najpoznatite-brendovi-13.jpg


14. Toyota

Знакот се состои од три елипси кои прикажуваат три срца: срцето на потрошувачите, срцето на производот и срцето на прогресот на технологијата.

15-skrieni-znacenja-vo-logoata-na-najpoznatite-brendovi-14.jpg


15. Pepsi

Во 2008-та година Пепси троши дури 1 милион американски долари за Arnell Associates да измислат ново лого за компанијата и уште многу милиони долари за да ги ребрендира сите производи. Документот на компанијата Arnell е откриен и вели дека логото е некаков Да Винчи код и во себе содржи многу знаци од науката и митологијата сè со цел сите скришум да водат кон логото на Пепси.

15-skrieni-znacenja-vo-logoata-na-najpoznatite-brendovi-15.jpg



Би можело да ве интересира:

„Ги најдов цртежите со фустани на баба ми од 1940-тите и сошив такви креации – магични се“ Девојка од САД изгледа како Пепелашка откако ги сошила романтичните креации кои ...
Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...
Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg