Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најчестите ментални нарушувања и болести илустрирани како морничави суштества

Уметниците со векови ги прикажуваат менталните нарушувања на начинот на којшто ги гледаат тие.

najchestite-mentalni-narushuvanja-i-bolesti-ilustrirani-kako-mornichavi-chudovishta-01.jpg

Ова се тешки теми за обработување, а им го привлекуваат вниманието и на модерните артисти.

Еден од нив е артистот Силви, кој решил да ги претстави 9-те најчести ментални нарушувања и болести како морничави суштества.

Артистот вели дека ова не е оригинална идеја и дека многупати видел како уметниците ги прикажуваат менталните проблеми како чудовишта.

„Она што ме мотивира да направам своја верзија е тоа што овие прикажувања или ги романтизираат, или ги демонизираат болестите. Мнозинството се фокусирани да прикажат суштество кое им предизвикува болка на жртвите. Јас не сакав да цртам чудовишта. Јас сакав да прикажам како се чувствуваат.“

Погледнете како изгледаат најчестите ментални нарушувања низ очите на Силви:

Алцхајмер

Алцхајмеровата болест е прогресивно нарушување што ги убива мозочните клетки. Оваа болест е најчестата причина за деменција – постојано намалување на способноста за размислување, како и социјалните вештини.

Со текот на времето, оваа болест ги прави луѓето целосно неспособни да функционираат независно.

najchestite-mentalni-narushuvanja-i-bolesti-ilustrirani-kako-mornichavi-chudovishta-02.jpg

Депресија

Депресијата е нарушување на расположението што предизвикува постојано чувство на тага. Депресијата влијае не само врз чувствата на пациентот, туку и врз неговите мисли и однесување.

Неретко, луѓето со депресија не можат да ги завршат ни наједноставните обврски и губат секаква желба за живот.

najchestite-mentalni-narushuvanja-i-bolesti-ilustrirani-kako-mornichavi-chudovishta-03.jpg

Анксиозност

Анксиозноста е нарушување што предизвикува страв. Стравот е емоционален одговор на вистинска или замислена закана. Анксиозноста, пак, предизвикува страв од некоја идна закана.

Воглавно, анксиозноста предизвикува напнатост во мускулите и забрзано чукање на срцето, а може да биде придружена и со панични напади.

najchestite-mentalni-narushuvanja-i-bolesti-ilustrirani-kako-mornichavi-chudovishta-04.jpg

Посттрауматско стресно нарушување (PTSD)

Посттрауматскиот стрес се појавува кај луѓе кои биле жртви или сведочеле на трауматичен настан, како природна катастрофа, несреќа, војна, силување и слично. Луѓето со ова нарушување имаат интензивни мисли и чувства поврзани со трауматичниот настан, дури и години откако поминал.

Неретко тие го „преживуваат“ настанот преку сон или во нивните мисли, чувствуваат тага, страв или гнев и се чувствуваат „исклучено“ од светот.

najchestite-mentalni-narushuvanja-i-bolesti-ilustrirani-kako-mornichavi-chudovishta-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Велигденски јајца во златна боја со кои ќе ги импресионирате децата, но и возрасните Ако сакате да направите златни велигденски јајца со кои ќе ги воодушевите сите, ...
За креативни родители: Детски првоаприлски маски и костими кои лесно се прават дома Медуза направена од проѕирен чадор и ленти во боја, облак со дожд направен од па...
Шахти со кул цртежи и уште 11 неверојатни дизајни на јавни места низ светот Ветеринарна клиника со фасада во форма на куќарка за куче, автобуска станица во ...
Каква тетоважа побарав vs. што добив - Тату-артисти кои ги надминале очекувањата на клиентите (фото) „Очигледно не сум најдобар уметник, но ме фасцинира маестралната интерпретација ...
Нова техника за уникатни велигденски јајца – со чај од хибискус и алуминиумска фолија (видео) Со оваа техника велигденските јајца ќе ви изгледаат елегантно и уникатно, а се п...
Пред vs. потоа: 11 кул трансформации на стари работи во домот Браво за овие луѓе! Кога клупата од баба ви или столчето од дедо ви ќе добијат н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg