„Сакам голем аквариум во кој ќе нуркам“: Луѓе го опишуваат домот од соништата – илустратори им го цртаат
Сите сме фантазирале за нашиот дом од соништата, но малку луѓе имаат можност да си го направат токму она што го замислиле.

Токму поради тоа, неколку илустратори од Bright Side ги замолиле читателите да опишат како би изгледал нивниот дом од соништата ако имаат многу пари на располагање.
Истовремено, читателите споделиле и која ќе биде најчудната, но за нив најубавата соба во домот, а илустраторите ги нацртале нивните идеи.
Од аквариум наместо ѕид, па сè до езерце среде дневната, погледнете дел од најинтересните илустрации:
„Сакам соба за скокање. Внатре да има само трамболини и ништо друго“

„Сакам едниот ѕид да биде огромен аквариум со корали и да се гледа во другите соби. Кога велам огромен, мислам доволно голем за да можам да нуркам во него“

„Вчера видов прекрасна куќа која имаше стакленик внатре. Би сакала нешто такво“

„Сакам соба за кози, каде што ќе можам да си ги чувам сите мои кози“

„Многу би сакал Lego соба, со полици на кои ќе ги изложам моите сетови и со голема маса во средината на која има простор за уште поголеми проекти и сетови“

„Би живеела во мојата соба од детството, но сакам сите предмети да бидат многу поголеми – како што ми изгледаа тогаш“

„Сакам домашно кино опремено со сè – пуканки, чипс, чоколатца… А столовите да имаат масажер“

„Сакам соба во која ќе сместам многу видови сирење и кашкавал“

Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
10 дизајни кои немаат логика (а некој зел пари за нив)
Што ли мислел некој кога дизајнирал клупа која има затворени вдлабнатини за седн...
Брзинска Halloween шминка со 3 работи што ги имате дома (видео)
Доколку во последен момент сакате да направите страшна шминка за да го преправит...
Корисни и кул предмети направени со 3Д принтер
Држач за тоалетна хартија, закачалки за LEGO колекција, но и мини автомат – неко...
10 ситници од TEMU кои ќе ви го олеснат летото со деца
Налепници за на рака со податоци во случај да се изгубат, мини вентилатори, реме...