Генијални дизајни на секојдневни предмети што решаваат многу проблеми
Понекогаш дизајнерите навистина помислуваат и на најмалите детали, па прават дизајни што решаваат проблеми за кои не сме ни биле свесни дека постојат.

На пример, на секој велосипедист му е потребна пумпа за гумите, па некој се сетил да ја вгради во седиштето. Или, во детството скоро сите сме се изгореле од металните лизгалки кои се загреваат од сонцето, а некој се сетил да направи ваква лизгалка со систем за ладење.
Постојат бројни вакви генијални дизајни, а на Reddit има и цел форум посветен на нив.
Погледнете дел од најдобрите дизајни и решенија споделени на форумот:
Знак за големи возила со натпис: „Ако го удрите овој знак, ќе го удрите и мостот“

Опција во некои Tesla автомобили за кога морате да го оставите миленичето внатре: „Мојот сопственик ќе се врати набрзо. Не грижете се! Клима уредот е вклучен и внатре е 21 степен Целзиусов“

Максимално искористен простор на ролна тоалетна хартија

Шише со распрскувач со кое целосно ќе ја искористите течност во него

Онлајн продавница во Кина печати информации за исчезнати лица на кутиите во кои ги испраќаат продуктите

Лупа во супермаркет за полесно читање на цените и декларациите на продуктите

Предупредување од ресторан: „Внимание! Има многу сос. Јадете понастрана од скапа облека“

Совршено спакувани сардини во конзерва со проѕирен капак

Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
10 дизајни кои немаат логика (а некој зел пари за нив)
Што ли мислел некој кога дизајнирал клупа која има затворени вдлабнатини за седн...
Кул изуми што решаваат многу проблеми во секојдневието (фото)
Зграда во која можете да си изнајмите правосмукалка и други апарати за чистење, ...