Поучна кинеска приказна: Секое добро не е за добро и секое лошо не е за лошо

Сè што се случува околу нас е комплексен процес. Невозможно е однапред да знаете кои ќе бидат последиците на вашата добра или лоша среќа.

pouchna-kineska-prikazna-sekoe-dobro-ne-e-za-dobro-i-sekoe-losho-ne-e-za-losho-01.jpg

Многу одамна во Кина си живеел фармер кој имал коњ, но коњот му избегал.

Таа вечер дошле соседите.

„Штета што ти избега коњот“, му рекле на фармерот.

„Можеби“, им одговорил тој.

Следниот ден коњот се вратил. Со себе донел и 7 диви коњи.

Дошле соседите, па воодушевено искоментирале: „Ова е одлично, нели?“

„Можеби“, рекол фармерот.

Следниот ден синот на фармерот се обидел да скроти еден од дивите коњи. Се качил за да го јавне, но коњот го фрлил на земја, а момчето ја скршило ногата.

Пак се собрале соседите.

„Ах, каква штета. Ова е лошо, нели?“ - прашале тие.

„Можеби“, едноставно рекол фармерот.

Следниот ден на вратата на неговиот дом затропале војници кои барале луѓе да ги регрутираат во царската војска.

Го одбиле синот на фармерот поради скршената нога.

И овојпат се собрале соседите.

„Па, зарем ова не е прекрасно?“

И овојпат фармерот им одговорил исто.

„Можеби“.

Запомнете, сè што се случува во природата е комплексен процес. Токму затоа е невозможно да знаете дали работите што се случуваат се добри или лоши.

Никогаш нема да дознаете однапред кои ќе бидат последиците на вашата добра или лоша среќа.

Извор

Би можело да ве интересира:

Поучна приказна: Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите. Секогаш ги ...
Поучна приказна: Лавот сфатил дека непријатно мириса - Како само лисицата го надмудрила? Лавот случајно сфатил дека неговата миризба не е баш пријатна. Отишол кај еленот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg