Носталгични илустрации кои ќе ви навратат спомени од времето поминато кај баба и дедо на распуст
Кога баба ќе ни го направеше омилениот појадок со чаша млеко, па брзински излегувавме за цел ден да го поминеме надвор, без строги правила и режими. А, сликата кога баба и дедо ни мавтаат додека си одиме, засекогаш ќе ни биде врежана во сеќавањата...

Нема ништо поубаво од детските денови и времето поминато на гости кај баба и дедо.
Се сеќавате ли на оние безгрижни моменти, кога цели денови ги поминувавме надвор во природа, со игри кои сами ги смислуваме со другарчињата и домашно зготвени јадења од баба?
Тогаш не постоеја толку строги правила за одгледувањето на децата, игрите беа поразлични, па и храната, иако можеби не најздрава, ни топлеше душа.
Овие илустрации ќе ве потсетат на тие времиња:
Утрото почнува со вкусен појадок (без специјални намирници), задолжително со чаша млеко или јогурт

Баба готвеше обилен ручек со месо и зеленчук за да имаме сила за целодневна игра

Во секое друштво имаше по некој лажго што си ги преувеличува приказните, но сите го слушаат

Водата беше најслатка директно од чешма, фонтана или црево (иако денес никој не би се напил така...)

Безгрижно капење во река, голи по цел ден, со игра на отворено и раскажување спомени од минатото лето

Се случуваше и по некоја летна младешка љубов, а отсекогаш постоеја момците кои на мотоцикл пробуваа да освојат девојка

Сликата која засекогаш ни останува врежана во глава – моментот кога ни мавтаат за испраќање додека ние се оддалечуваме во автомобил со родителите

M. M. | Црнобело
