Тато, запамти го ова...

Ако сте татко или неостварена желба ви е да станете, подгответе се за нежно емоционално патување какво не сте претпоставувале дека некогаш ќе доживеете.

tato-zapamti-go-ova-01

Кога под кожа ќе ви се вовлече малечката и најсакана принцеза, еве кои реченици треба добро да ги запаметите:

1. Како што ти ме сакаш, така и јас ќе се сакам себе.

2. Прашај ме како се чувствувам и сослушај го мојот одговор. Очекувам да ме цениш за да научам и самата да се ценам.

3. Важно ми е како се однесуваш со мене, затоа што така учам што треба да правам подоцна во животот.

4. Ако си лут на мене, јас тоа го чувствувам дури и кога не разбирам. Затоа - разговарај со мене.

5. Морам да ја искусам твојата физичка нежност како би стекнала доверба во нежноста на мажите.

6. Те молам не разговарај со мене за сексот како тинејџер. Добро размисли како ми ги соопштуваш работите.

7. Кога ми се обраќаш со нежен тон, многу подобро разбирам што ми зборуваш.

8. Она што го зборуваш за женското тело кога „само се шегуваш“ е она што ќе ми влијае во развојот на сопственото тело.

9. Ако ме охрабриш да го пронајдам она што ми предизвикува задоволство, постојано ќе го барам тоа во животот.

10. Ако добро ме научиш што значи зборот „сигурно“, подобро ќе знам да се одбранам од мажи што не се сигурни.

tato-zapamti-go-ova-02

11. Научи ме да ја сакам уметноста, науката и природата. Тоа подоцна ќе ми послужи подобро, отколку кој фустан треба да го облечам.

12. Дозволи ми да ти кажам што точно сакам, дури ако тоа е погрешно и несериозно. Научи ме дека и моето мислење е важно.

13. Кога ќе ти кажам да ме оставиш на мира, те молам остани близу, затоа што секогаш ми требаш.

14. Кога ќе пораснам, не биди исплашен ако моето тело се менува. Гордо поднеси го тоа, за да знам како и јас да се справам со промените.

15. Ако очекуваш нежност, научи ме да ја прифатам својата ранливост наместо да и се плашам.

16. Ако ме пуштиш да ти помогнам околу ситниците кои ги правиш, ќе видиш за колку многу сум способна.

17. Кога ја штитиш мојата женска страна, учам дека сум вредна за штитење.

18. Начинот на кој го третираш нашето кутре кога мислиш дека не гледам ми открива повеќе за тебе отколку што мислиш.

19. Те молам, немој да ме лажеш затоа што слепо ти верувам на сè што ќе кажеш.

20. Не ги избегнувај сериозните разговори, тие само ќе ми докажат колку се трудиш околу мене, и многу повеќе.

Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg