Најважно од сè е да простиме

Сите знаеме дека простувањето е прекрасна работа, но кога ќе дојде до тоа, тешко ни оди некому да простиме. Дали некогаш сте запрашале зошто е важно да се прости?

najvazno-od-se-e-da-prostime-1

Како воопшто можеме да простиме на некоја личност која нè повредила и направила нешто заради што во нас се врежала длабока рана?

Простувањето е всушност единствениот начин да бидеме чесни кон себе. Кога на другите не им простуваме заради лошите работи кои ни ги направиле, ние им даваме дополнителен изговор на луѓето да направат повторно нешто слично. Од простувањето поголема корист има личноста која ќе прости, отколку онаа на која и е простено.

Ако простувањето го сфатиме како начин на ослободување на себеси од болката, тогаш сме почнале да работиме во своја корист и да си помагаме.

Простувањето во ниеден случај не значи дека некому сме му ги заборавиле постапките, напротив тоа значи дека сме ги запомниле. Но, тоа помнење нас ќе ни помогне следниот пат да не дозволиме нешто такво да се случи.

Вистинското извинување се состои од тоа искрено да признаеме дека ни е жал, да ја признаеме нашата одговорност и да се потрудиме да ја поправиме ситуацијата.

Многу луѓе обично го прескокнуваат овој дел, токму и затоа многу пријателства и врски никогаш не успеваат до крај да ги излечат зададените рани, ниту пак се враќаат на таа претходна позиција.

Една прекрасна јапонска мудрост вели дека доволен е само еден убав збор за да ве загрее во текот на трите ладни месеци. 

Би можело да ве интересира:

„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg