Сине, немој да ги правиш овие грешки додека си во љубов

Како и многу татковци низ светот, кога станува збор за љубовта и јас многупати сум бил заведен, скршен, изневерен и излажан.

drag-sine-nemoj-da-gi-pravis-ovie-3-greski-vo-vrska-so-ljubov-tato-1-

Имам огромно искуство кога станува збор за љубовта и знам отприлика што следува откако ќе се заљубиш, па затоа решив да го напишам ова писмо до мојот син за ова лудо нешто наречено љубов.

Драг мој сине, без разлика каде и да те однесе животот, овие 3 грешки избегнувај ги по секоја цена:

1. Немој да се плашиш да го слушнеш срцето

Дури и кога си млад, всушност, особено кога си млад слушај го своето срце, бидејќи тоа има многу што да ти каже. Кога јас бев дете, се плашев од сопствените страсти и ми требаа години за да научам колку вредам.

Немав татко кој можеше да ми каже нешто повеќе за љубовта и сето тоа се трудев самиот да го сфатам. Додека многу од моите пријатели се држеа за раце и бакнуваа со своите симпатии, јас во моите тинејџерски години не бев ни блиску до девојка.

Поентата е дека мора да се засакаш себе, за да дозволиш некој друг исто толку да те обожува.

2. Не си дозволувај да бидеш недостоен за љубов

Можеби малку е клише да му велиш на сопственото дете да биде мило и добро, но сепак без разлика колку искуство имаме, понекогаш не умееме да ја сфатиме добрината како таква. Ми требаа децении за да сфатам што значи добрината, бидејќи постојат милион начини некому да го скршите срцето, а само неколку да ја направите личноста среќна.

Ако ги третирате лошо луѓето, тоа секогаш ќе се одрази во вас со една таква мешаница од која нема да можете да го пронајдете излезот. Добрината ќе направи огромна промена во вас и вашиот љубовен живот, запомнете го тоа.

drag-sine-nemoj-da-gi-pravis-ovie-3-greski-vo-vrska-so-ljubov-tato-2

3. Научи да правиш разлика помеѓу страст и љубов

Сексот не е игра, иако така ти изгледа моментално. Порано сексот беше интимен и луѓето навистина влеваа почит во него. Но, сега сексуалноста изгледа како да е притисната и форсирана кај младите.

Немој да дозволиш да бидеш притиснат и да правиш нешто што не сакаш, ниту пак дозволувај да бидеш излажан кога е во прашање сексот.

Дозволи си да се заљубиш, бидејќи светот нуди многу девојки, но ниту една нема да биде како таа единствената со која си почувствувал посебна љубов и страст во едно.

Би можело да ве интересира:

Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
„Ако те чеша лева рака ќе земеш пари“ и уште 11 народни верувања кои ни ги пренесоа бабите Кога икате - некој ве озборува, а ако ве чеша окото - ќе видите некого... Кои се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg