Веќе и диспечерките ја заборавија твојата адреса...

Веќе и диспечерките ја заборавија твојата адреса, исто како и јас.

veke-i-dispecerkite-ja-zaboravija-tvojata-adresa-1

Седнав на задното седиште од таксито како што правам отсекогаш, занесена во своите мисли, лутајќи со погледот кон дрвјата кои ги одминувавме се фатив како размислувам за сите оние љубовни приказни во мојот живот.

Во минатото исто така седев на задното седиште, заминувајќи од твојата улица, добро позната, повеќе позната од оваа непознатата која наскоро ќе ја запознаам.

Сега диспечерките ќе ја запомнат оваа адреса, нова адреса, која искрено почна да ми се допаѓа.

Ги гледав капките дожд како нежно ги удираат прозорците од автомобилот и помислив на мојот кревет, топол, мек, се замислував како конечно ја ставам главата на перница знаејќи дека има некој кој нема да може да заспие поради мене таа вечер.

Залутана во новите сеќавања кои се врежија во мојата меморија таа вечер, се насмевнав, слатко, искрено, заљубено, повторно, изненадена самата од себеси.

Ја чувствував секоја дупка на патот која таксистот ја годеше беспрекорно, но тоа ми годеше, возењето не сакав да заврши, бидејќи со тоа ќе завршеше моето мечтање за новиот човек кој влезе во мојот живот откако тој излезе.

На радио свиреше непозната песна, која ми се допадна, љубовна, не од оние кои ме потсеќаа на него, песна која ги оковечи новите сеќавања.

Убава врнежлива ноќ, си реков, која беше при крај бидејќи скоро отчукуваше 5 часот после полноќ.

Се загледав во едно кафуле покрај кое поминавме на патот, кафулето во кое седевме за последен пат заедно. Се присетив, капките на прозорецот започнаа да удираат се посилно и побројно, но не ме спречија да те видам тебе.

veke-i-dispecerkite-ja-zaboravija-tvojata-adresa-2

Рацете во џеб, се гледаш во мене, прашувајќи се дали сум тоа јас.

Наеднаш го спушти погледот, а сигурна сум дека дождот ти помогна да ги прикриеш солзите кои ти потекоа во истиот момент бидејќи сфати, знам дека сфати.

Јас во такси, 5 часот наутро, со блага насмевка на лицето која некогаш ти ја измамуваше, а сега го прави тоа некој друг, непознат за тебе, подобар од тебе.

Не знам како да го објаснам тоа што го почувствував кога те видов, дали беше меланхолија, тага, сожалување, измината љубов која мирисаше на утрото после врнежлива вечер или пак аромата на кафето кое го пиевме некогаш заедно.

Не знам навистина не знам, не ми беше сеедно, но добро ми беше.

Да, добро, тоа беше вистинскиот збор, бидејќи почувствував дека те преболив.

Почувствував како голем камен ми падна од срцето и се сруши врз твојата глава. Странец, ете тоа си ти сега за мене, обичен странец со убави сеќавања кои никогаш повеќе нема да се повторат.

Ти благодарам за нив, навистина, беа убави, но знаеш сфатив дека наскоро ме очекуваат уште поубави кои нема да ми ги подариш ти.

Така е секогаш бидејќи знаеш...кога не го сакаш тоа што го имаш, ќе го сака некој друг!

Би можело да ве интересира:

„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg