Лесно е да бидеш жртва, пробај да бидеш силен!

Лесно е да се предадеш, поентата е да не ја препуштиш војната на противникот само поради една, две, десет изгубени битки, важно е никогаш да не се откажеш...

lesno-e-da-bides-zrtva-probaj-da-bides-silen-1

Зошто да се предадеш, кога можеш да победиш?

Зошто да се чувствуваш повреден, кога можеш да се чувствуваш непобеден, зошто да изгубиш, кога можеш да победиш, зошто да умреш, кога можеш да живееш.

Никогаш не се предавај!

Колку и да е тешко, остани и бори се, за себеси, за своите соништа, извојувај ја победата која ти е препишана уште пред да се родиш, следи ја твојата лична легенда која ретко кој ја следи, сите се откажуваат лесно, сите велат дека такви се околностите.

Околности не постојат, ги создаваш сам, запомни го тоа!

Секој може, доволно е да сака!

Кога желбата е победена од стравот, верувајте желбата не е доволно посакувана. Кога се сака нештото, се добива, бидејќи секој може, доволно е да сака!

Лесно е да бидеш жртва, пробај да бидеш силен!

Лесно е да легнеш на земја и да чекаш да бидеш прегазен, тешко е да станеш и да се спротиставиш, тешко е да, но не е невозможно бидејќи самиот збор го содржи зборот возможно.

lesno-e-da-bides-zrtva-probaj-da-bides-silen-2

Немој да бидеш жртва како сите, биди победник, биди свој херој, биди свој идол, биди ти!

И запомни, изгубено е само она од кое си се откажал...

Би можело да ве интересира:

Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg