Зошто ни е толку тешко да кажеме „не“?

Како да му кажете не на келнерот кој ви нуди прекрасен колач на крајот од вечерата, како да не му дадете некој денар на просјакот на семафорот, како да се воздржите, а да не искоментирате на некој провокативен пост на Фејсбук?

zosto-ni-e-tolku-tesko-da-kazeme-ne-01.jpg

Колку сила треба за да се одбие молбата на пријателката да и помогнете после раскинувањето, иако ве чекаат милион обврски?

Бомбардирани сме од работи кои упорно не ги сакаме иако притисокот не доаѓа од надвор, туку е креиран од нашето „морам“ и „би требало“, само затоа што некој очекува нешто од нас.

Губењето на драгоценото време, напнатоста и порастот на непријатни чувства кон одредената личност неповратно ја цедат енергијата.

Во тие моменти реагирате на 3 начини - кажувате да, а сакавте да кажете не и така ги загрозивте вашите интереси; агресивно се спротивставувате и демонстрирате моќ, или молчите и не кажувате нешто што ќе го повреди другиот, надевајќи се дека времето ќе излечи сè, иако знаете дека нема.

Зошто ни е толку тешко да кажеме НЕ?!

Од мали нозе нè учат на пристојност. Родителското „не“ лесно го прифаќаме, а учиме дека нашата негација тешко поминува.

Токму затоа подоцна во животот се соочуваме со следниве бариери:

1. Желбата да помогнеме - жените многу почесто се склони кон такви реакции.

2. Стравот дека ќе нè гледаат како непристојни - ова е посебно изразено кон авторитетите.

3. Конформизам - не сакаме да бидеме изолирани од групата и затоа се сложуваме и ги жртвуваме своите потреби само за да и припаѓаме.

4. Страв од конфликти - нè плаши туѓиот бес.

5. Страв дека ќе повредиме некого, дека истиот ќе биде разочаран.

6. Страв од отфрлање - уверување дека нашето „не“ ги руши сите мостови засекогаш.

7. Гордост - не сакаме да признаеме дека нешто не смееме, или не знаеме, па затоа се согласуваме, иако тоа е на наша штета.

zosto-ni-e-tolku-tesko-da-kazeme-ne-02.jpg

Како конечно да го изговорите тоа „НЕ“?

Сигурно сите кои се пронајдовте во барем една од ситуациите, сакате да живеете помирен и попродуктивен живот. Со тоа доаѓа учењето на позитивното „не“, кое ќе ви донесе нова храброст, визија, трпение и истрајност.

Треба да станете свесни за своите вредности!

Запрашајте се, на пример, што шефот цени кај вас, а што колегите? По што ќе ве паметат кога ќе си заминете?

Свеста за тоа колку вредите ќе ви обезбеди доволно сила за да си го дозволите тоа „не“. Бидете свесни што ви е важно, кои се вашите потреби и интереси, што е правилно за вас. И што е најважно, препознајте ги пораките кои ви ги испраќа срцето.

zosto-ni-e-tolku-tesko-da-kazeme-ne-03.jpg

Тактика „како да кажете не во 3 чекори“

П - Покажете почитување и разбирање за потребите на оној кој бара нешто од вас

Потребно е да кажете „не“ на барањето, но да кажете „да“ на личноста која го бара истото.

Ова буквално е како горка пилула обложена со чоколадо.

Пред некој да одбиете, важно е да му покажете дека разбирате каква е ситуацијата, колку таа е сериозна и зошто му е толку важна.


О - Објаснете ги причините зошто не можете или не сакате

Треба да бидете цврсти, но љубезни и смирено да ги објасните сите факти.

Бидете јасни – ако веруваат дека подоцна може да се предомислите и да кажете „да“, нивното разочарување ќе биде поголемо.

Ако ви бараат објаснување, понудете им го.

Реченицата „жал ми е, но тоа не се вклопува во мојот план“ е секогаш прифатлива.


П -Предлог решенија и барање комромис

Ова е фаза во која треба да ја создадете третата опција. Задржете го своето „не“ со позитивна солуција која задоволува барем дел од туѓите потреби.

Давајте предлози, бидете креативни, но задржете се и до своите потреби.

Не заборавајте дека вашиот предлог за компромис никогаш не е помалку важен од туѓото барање.

Да се борите за своите потреби не значи дека се борите против туѓите.

Би можело да ве интересира:

„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...
Српски писател: „Девојка ми префрли 50 евра на сметка - разговорот со мене ѝ помогнал повеќе од псих... „Понекогаш сè што треба е да бидеш подготвен да се отвориш и луѓето да ти с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg