6 Ветувања кои треба да си ги дадете на себе

Ослободете се од негативностите кои доаѓаат од уверувањето дека нешто можете, а нешто не. Ветете си себе дека ќе гледате само напред и навистина ќе забележите како напредувате...

6-vedtuvnja-koi-mora-da-si-gi-dadete-sebe-1

Дајте си позитивни ветувања и кажете си дека од сега ќе се борите уште погласно и нема да попуштите пред препреките.

Овие 6 работи вреди да си ги ветите себе:

1. Минатото нема да ме запре

Грешките, слабостите, неуспесите и проблемите нека ви бидат учители, но никако не жалете за своите постапки. Можеби одлуките сте ги донеле кога сѐ уште не сте биле доволно зрели. Затоа времето и искуството ќе ви помогне да пораснете и созреете, учејќи како да носите подобри одлуки.


2. Ќе го прифатам својот живот и ќе ја преземам целата одговорност

Во животот често стекнуваме навика да ги обвинуваме своите родители, учители, образовен систем, но не и себе. Ако никогаш за ништо не сте виновни, запрашајте се како е тоа можно. Ако сакате да продолжите понатаму, вие сте единствената личност која може тоа да го направи.


3. Ќе го живеам животот што го сакам

Дозволете си себе да го следите патот кој вас ве прави среќни, а не оној кој другите сакаат да го следите. Прифатете дека некои луѓе нема да останат со вас на тоа патување.


4. Прекинете ги односите на кои не им е судено да траат

Повеќето луѓе влегуваат во вашиот живот на некое време за да ве подучат на нешто. Доаѓаат, оставаат траги и си заминуваат. Прифатете ги како такви и научете дека не сите односи се вечни, но лекциите од тие односи се трајни.


5. Нема да дозволам некоја ситуација долготрајно да ми ја одземе насмевката

Дури и кога ќе биде премногу тешко, запрете и потсетете се кои сте. Секој може да биде среќен кога нема проблеми, но да се биде насмеан кога е најтешко е вештина.


6. Секогаш ќе се трудам да излегувам од комфор зоната

Секој голем успех бара одреден вид на борба, а колку повеќе се борите толку повеќе ќе ја поместувате границата на своите можности и одново ќе грешите, ќе се сретнувате со неуспех, но само така ќе ја ширите границата. 

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Се ежам од луѓе слабаци Се ежам од луѓе слабаци, кукавици. Онакви несигурни, чиниш скршени, кои никогаш ...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg