Кога сме заедно, чувствувам како да сме едно!

Секој има некој на Земјата поради кој се чувствува како да е на небото…

koga-sme-zaedno-cuvstvuvam-kako-da-sme-edno-1.jpg

Ете така правиш ти да се чувствувам кога сум со тебе, ти си таа моја причина која ме крева до седмо небо и ми дава крилjа полека да се спуштам на Земја држејќи ја мојата рака.

Таа рака која совршено се вклопува во празнините на мојата, како слoжувалка чии делови конечно се пронајдени и ја даваат најубавата слика вредна милиони.

Најубавата љубов, вредна за шанса, шанса која ретко кому му ја давам, онаа вистинската, имало и лажни, не велам не, сум погледнала во нивните очи и сум знаела дека нема да трае, пропуштена шанса, изгубена шанса, падната во купот на илјадници други невредни за сеќавање, камоли пак за споменување.

Така ги распознавав по очите, но тоа беше сè додека не погледнав во твоите очи.  Сè ми беше нејасно, посакав за миг да ги гледам до крајот на животот за да можам да ја разјаснам таа нивна мистерија која ми предизвикува главоболка и пеперутки во стомакот.

Благо гадење, ете тоа чувствувам кога ќе те видам…

Кога твоето отсуство ме дружи, твоето минато присуство ме прегрнува и ми шепоти дека ќе се вратиш.

Мора да се вратиш, во спротивно би морала да тргнам да те барам, би те барала сè додека не те пронајдам, макар и во најтемниот ќош на Земјата.

Но, ќе те барам, сè додека сакаш да бидеш најден, во спротивно би се откажала, бидејќи не можеш да најдеш нешто, што не сака да биде пронајдено. Ќе се скрие во најситната дупка која ќе ја стапнеш со ѓонот и ќе ја одминиш.

Не сакам да те одминам, сакам со тебе да заминам, некаде, некогаш, засекогаш, бидејќи кога сме заедно чувствувам како да сме едно!

Не ни требаат зборови, доволен е поглед, не ни треба никој друг, доволен е тој наспроти мене и таа наспроти тебе, доволно е тоа едно кое вреди повеќе од сите „едно" заедно досега.

Би можело да ве интересира:

„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...
„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...
Си уплатив СПА во Скопје и уживав без мобилен и вознемирување - Сум заслужила Работам од мојата 17 година, фала му на Бога заработувам солидно - зошто да не м...
Мајка прави совршени фотки на базен, си зборува на телефон и не ја погледнува ќеркичката што ја моли... Колку е тажно тоа. Пред неколку дена, додека бев на базен, видов млада мајк...
Чарна Невзати за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив дека не е баш филмски“ „Здраво, во глава сме заедно веќе 5 месеци. Среќна годишнина! - е најсмешната по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg