Сè уште се сеќавам на неа кога пијам црвено вино...

Сè уште се сеќавам на неа кога пијам црвено вино, сè уште го пијам со секоја една голтка тегнејќи го низ моето грло како што нејзините бакнежи се тегнеа на моите усни.

se-uste-se-sekavam-na-nea-koga-pijam-crveno-vino-01.jpg

Сè уште се сеќавам на неа кога пушам цигара до крај која ми ги гори усните, како што тоа некогаш го правела нејзината љубов.

Сè уште се сеќавам на неа кога поминувам низ мојата улица, сè уште ја гледам во уличната сијалица која е сведок на сите тие солзи, бакнежи, совети, прегратки, погледи кои се доволни за да се разбереме додека сијалицата ни го заслепува видот.

Сè уште се сеќавам на неа кога ќе излезам сам, сè уште ја гледам во секоја што ќе помине покрај мене, надевајќи се дека тоа е таа во толпата, но потсвесно знам дека не е, неа ја има кога таа сака, кога не сака не можеш да ја најдеш низ градот.

Сè уште се сеќавам на неа кога ќе видам бебе, ги гледам нејзините очи во неговите, беа толку невини и слатки, но никогаш не ѝ го кажав тоа.

Сè уште се сеќавам на неа кога пијам ладно пиво во жешка вечер, сè уште ја притискам во спомените како што пивото ме притиска во стомакот.

Сè уште се сеќавам на неа кога некој ќе го довикне нејзиното име, веднаш се вртам околу себе како испаничена будала среде град, за само уште еднаш да го вкрстам мојот поглед со нејзиниот, кога веќе патиштата се раскрстија.

Таа замина по тој што ја избркав јас, а јас тргнав по оној убавиот кој ми го посакуваше таа, нејзиниот беше со дупки, камења, кал, без асфалт, а мојот…

Мојот беше убав, чист, но сепак секој чекор ме печеше под нозете, како да газев бос по тој жежок асвалт, а не бев бос, можеби тоа беше само мојата грижа на совест, се спуштила над моите стапала и ме следи во секој чекор.

Не знам…

Само знам дека сè уште се потсетувам на неа кога ќе видам светлина, каква било, бидејќи таа беше единствена светла точка во мојата темница.

Сега, сега ми остана само да се потсетувам и да плачам во најтемниот ќош, стуткан како лудак, но барем темницата овој пат ќе биде целосна, барем ќе ги голтне тие мои солзи како што јас ја голтнав мојата љубов кон неа кога одлучив да ја напуштам.

Темницата ќе ги голтне солзите, а јас ќе ги голтнам сеќавањата на начин на којшто го пијам виното, бавно, голтка по голтка, чашка, две, доволно за да ме зашемети.

Д.М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...
Брат, таа седеше сама во кафеана во Скопје на Боемска, си пиеше пиво и убаво ѝ беше - таква жена дај... Брат, вчера седам на Боемска со другарите, онака лабав неделен ручек, се смееме ...
CRNOBELO лексикон со диџеј Галоски: „Мајка ми преживеа рак и нè одведе на прав пат - таа е мојот идо... „Познаници имам милион, а најдобри другари помалку од прсти на една рака. Е за н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg