Ќе бидам среќна во твој инат!

Тој е причината поради која почнав да пишувам, ми разбуди емоции, ми раскажуваше приказни со среќен крај, бајки ми раскажуваше, небото ми го симнуваше, само да посакав. Но, наеднаш емоциите згаснаа, приказните се извртија, добија трагичен крај, небото ми се сруши врз глава, иако не сакав.

ke-bidam-srekna-vo-tvoj-inat-1

 Пишувањето стана мој вентил во кој ги ослободувам емоциите, искажувајќи ги во метафори, раскажани како тие негови приказни со несреќен крај.

Сфатив дека можеби не е сè до среќниот крај, можеби понекогаш најважна е приказната.

Пишувам за љубов, бидејќи немам љубов.

Секој копнее по она што го нема нели? Така и јас, пишувам за него, бидејќи го немам, но не сакам да го имам повеќе, верувајте, нека оди по ѓаволите.

Нека се изгуби во своите приказни, нека се разбуди од моите мртви емоции, нека му се сруши небото врз глава секогаш кога ќе се потсети дека моето тој веќе го срушил.

Слободно нека се фати за рака со заборавот и нека си го фати патот под нозе.

Ќе започнам да пишувам за нешто друго, некој друг, ќе почнам да пишувам за себе. Дојде денот, денес е тој ден.

Сакам да го избришам, сакам да го заборавам, сакам да сакам, но не него повеќе, некој друг, подобар!

Денес ќе се дотерам како никогаш досега, ќе бидам како порцеланска кукла и ќе одам во туѓи прегратки, ќе бакнувам нови усни, ќе се топам во други прегратки, ќе се губам во нечиј поглед знаејќи дека веќе сум изгубена.

Ќе оставам некој нов да ме пронајде, ќе го засакам и повеќе од него, во негов инат.

Нема да сакам од инат, но од инат ќе бидам среќна. Ќе бидам среќна во твој инат!

Би можело да ве интересира:

„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...
„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...
CRNOBELO лексикон со диџеј Галоски: „Мајка ми преживеа рак и нè одведе на прав пат - таа е мојот идо... „Познаници имам милион, а најдобри другари помалку од прсти на една рака. Е за н...
Мајка прави совршени фотки на базен, си зборува на телефон и не ја погледнува ќеркичката што ја моли... Колку е тажно тоа. Пред неколку дена, додека бев на базен, видов млада мајк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg