Работи кои треба да ги прифатите за да бидете вистински среќни

Животот нема упатство за користење. Никој не може да објасни зошто оние кои имаат се, се чувствуваат празно додека оние кои имаат многу малку секогаш се насмеани.

raboti-koi-treba-da-gi-prifatite-za-da-bidete-vistinski-srekni-01.jpg

Не постои формула за среќа ниту пак има магична амајлија која ќе ни донесе долготрајна среќа. Многумина животот го поминуваат незадоволни од своето постоење, цврсто убедени дека среќата е нешто што мора да го најдеме а не нешто што веќе го поседуваме.

Поставуваме конкретни цели верувајќи дека определени нешта ќе не направат среќни: повеќе пари во банка, купување нов автомобил или летување во некое монденско одморалиште. Но, откако конечно ќе ги постигнеме овие нешта не можеме да разбереме зошто сеуште се чувствуваме несреќно.

Работата е што никој не знае што точно е среќата ниту пак како да ја постигнеме но ако претпоставиме дека среќата е всушност состојба на умот, тогаш има некои нешта со кои мора да се помириме пред навистина да станеме среќни.

1. Помири се дека не можеш се да контролираш

Наместо да бидеш преокупиран со нештата кои не можеш да ги смениш,превземи ја контролата врз оние нешта на кои можеш да влијаеш. Не можеш да ја следиш истата рутина и да очекуваш различен резултат. За да ти се смени животот на подобро, прво мора ти да се смениш.


2. Твојот живот може да испадне поинаков од тоа ти што си го замислил

Секој има замисла како сака животот да му изгледа за пет или десет години. Следствено, секој од нас живее во сенката на неостварените очекувања и планови и затоа кажуваме нешта како “Мислев дека ќе бидам богат до сега“ или „Мислев дека ќе бидам во брак до сега“.

Факт е дека животот може да тргне по сосем инаков пат од тој кој си го замислил но само бидејќи патот е различен од тој што ти си го очекувал не значи дека на крајот нема да стигнеш до истата дестинација.


3.
Секогаш ќе има пречки на патот

Твојот живот никогаш нема да биде совршен бидејќи совршенството едноставно не постои. Ние поминуваме толку голем дел од нашиот живот жалејќи се колку нештата може да бидат подобри, место да се сосредочиме на нештата кои навистина се добри.

Вистината е дека никогаш нема да бидеш среќен ако поминуваш премногу време фокусиран врз твоите недостатоци бидејќи со време, тие ќе бидат единственото нешто што ќе го гледаш.


4. Секогаш ќе има некој чиј живот ќе биде подобар од твојот

Тајната на среќата е да престанеш да се споредуваш со другите.


5. Прифати дека твојот живот се одвива токму така како што треба

Ние веруваме дека нештата се случуваат со причина бидејќи така сме приморани. Помислата дека секоја наша мала акција делува како катализатор за уште послучајни настани, и дека и најмалите одлуки може да го изменат резултатот на нашата иднина е едноставно премногу застрашувачка за да ја прифатиме и затоа и ја игнорираме.

Отфрли го тоа што мислиш дека треба да се случи и уживај во тоа што во моментов ти се случува, бидејќи се случува со причина (најверојатно)

raboti-koi-treba-da-gi-prifatite-za-da-bidete-vistinski-srekni-02.jpg

6. Не заборавај, не можеш се да контролираш

Понекогаш се се сведува на среќа и добар тајминг. Имај верба во сопствената приказна, таа сеуште не е завршена. Дури и да си сега несреќен, може ќе дојде до пресврт уште во наредното поглавје.


7. Не само што досега имаш направено неколку грешки, веројатно ќе направиш уште толку и во иднина

Не е крај на светот.

Место да се грижиш за секоја мала грешка, запрашај се себе си „ Дали се ова ќе биде важно и за една година?“. Ако одговорот е „не“, тогаш, можеби, не треба да поминуваш часови и часови загрижен поради таа една грешка.


8. Не можеш да направиш сите да бидат среќни

Суровата вистина е дека ако трошиш премногу време обидувајќи се да им удоволиш на останатите, на крај ќе ти бидеш мизерен.

Научи понекогаш да кажеш „не“, бидејќи и ти понекогаш мора да се посветиш на нештата кои тебе ти се битни.

 
9. Некои работи не можеш да ги спречиш, колку и да се трудиш

Борбата со нештата кои не можеш да ги контролираш е чисто губење на енергија и нерви

Не можеш да скршиш чинија и да предвидиш каде ќе паднат парчињата. Кога времињата се тешки, најдобро е да оставиш парчињата да паднат таму каде што ќе паднат а потоа да се насочиш да ги составиш повторно, најдобро што можеш и умееш.


10. Постави си цели и исполни ги

Животот е повозбудлив кога е исполнет со можности. Постави си конкретни цели и потоа труди се да ги постигнеш. Додека работиш на исполнувањето на зацртаните цели, обиди се да запаметиш дека среќата не е во тоа да постигнеш се што си зацртал туку во тоа колку си се забавувал додека си се трудел да ги постигнеш тие цели.

Би можело да ве интересира:

Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg