Мудри мисли како наследство за внуците: Ризикувајте, грешете и не плашете се...

Само месец дена пред својата смрт, поетот Џејмс Фланаган од Њујорк на своите внуци им подарил наследство кое вреди многу повеќе од сите богатства на светот...

mudri-misli-kako-nasledstvo-za-vnucite-rizikuvajte-gresete-i-ne-plasete-se-001

Џејмс на своите внуци им напишал неколку мудри мисли, кои тој самиот ги научил од сопствениот живот:

1. Секој од вас е најубавиот подарок од Бога. Секогаш сеќавајте се на тоа, особено кога ќе дуваат ладните ветришта кои носат сомнеж и обесхрабрување.

2. Не се плашете од никого, следете ги своите желби и надежи без разлика на тоа колку изгледаат тешки и колку се разликуваат од туѓите. Луѓето често не го прават тоа што го сакаат, бидејќи премногу размислуваат што другите ќе кажат или мислат.

3. Сите ние сме обични луѓе. Некои можат да носат скапа облека или да имаат поголема моќ од другите, но тоа не значи дека се подобри. Тие ги имаат истите стравови како и сите други луѓе, па затоа авторитетите ставете ги под знак прашалник.

4. Направете си животна листа од приоритети кои сакате да ги остварите: патувања, странски јазик, да запознаете некој посебен. Тоа нека ви биде еден долг список или секоја година правете си нов. Запомнете, не постои вистинско време за почнување на нештата.

5. Кога ќе пораснете и кога ќе имате свои деца, запомнете ја оваа стара поговорка: „Пофалете ги децата и тие ќе цветаат!”

6. Бидете добри и секогаш помагајте им на луѓето, бидејќи сите во себе носат своја тага и потребно им е сочувство.

mudri-misli-kako-nasledstvo-za-vnucite-rizikuvajte-gresete-i-ne-plasete-se-3.jpg

7. Немојте да одите во војска или во некоја друга организација, која ве обучува да убивате. Ако војните се добри, тогаш зошто борбата не ја водат оние кои ги започнуваат?

8. Читајте книги. Тие се одличен извор на уживање, мудрост и инспирацијата.

9. Бидете искрени. Секогаш. Секаде.

10. Патувајте кога сте во можност, особено додека сте млади. Не чекајте да имате доволно пари. Тоа никогаш нема да се случи. Земете го во раце пасошот уште денес.

11. Одберете професија или работа која ќе ја сакате. Секако дека ќе има и тешки мигови, но ако работите исклучиво заради парите, ќе си ја оштетите душата.

12. Не викајте. Викањето не дава резултати, а ве повредува и вас и другите.

mudri-misli-kako-nasledstvo-za-vnucite-rizikuvajte-gresete-i-ne-plasete-se-5.jpg

13. Секогаш исполнувајте ги ветувањата кои сте им ги дале на децата.

14. Никогаш не кажувајте на некого дека го сакате, ако тоа не е така.

15. Живејте во хармонија со природата: Многу е важно за вашата душа редовно да ги посетувате шумите, планините, морињата, езерата...

16. Посетете го родниот крај на вашата земја.

17. Прегрнете ги оние кои ги сакате и кажете им колку ви значат.

18. Бидете благодарни за сѐ!

mudri-misli-kako-nasledstvo-za-vnucite-rizikuvajte-gresete-i-ne-plasete-se-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе! Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе. Ти си светлина, но прифати дек...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg