Дупло или ништо, со мене нема нешто...

Постојат девојки кои не се задоволуваат со трошки, мило ми е што се запознавме, една од тие девојки сум јас.

duplo-ili-nisto-so-mene-nema-nesto-1jpg

Не се задоволувам со нешто, сакам сè, но не сум алчна за љубов, ќе ми дадеш сè, а јас ќе ти дадам слобода.

Би било добро да ми ја дадеш мојата за возврат, во спротивно и покрај тоа сè, ќе те оставам без ништо.


Постојат девојки кои не веруваат во зборови, веруваат во дела
, мило ми е што се запознавме, една од тие девојки сум јас.

Не ми раскажувај бајки, направи ми го животот бајка, а јас ќе те направам крал, но никогаш нема да бидам твојата покорна слуга која ќе ти ги исполнува сите желби.

Нели ќе бидам кралица покрај тебе? Немој никогаш да ме мешаш со златна рипка, не сум, а нема ниту да станам...


Постојат девојки кои се сакаат себеси повеќе од сè во светот
, мило ми е што се запознавме, една од тие девојки сум јас.

Нема да ти дозволам ниту да ме навредиш, камоли пак да кренеш рака на мене, ако го направиш тоа, ќе те натерам да си ја исечеш, верувај.

Нема да ти дозволам да ме сакаш повеќе отколку што се сакам себеси, туку ќе те сакам тебе повеќе отколку што ти се сакаш самиот.

Така е фер, нели?

Она што го очекувам од тебе е да не ми даваш трошки, да не ми зборуваш, да ме сакаш без да ми кажуваш, не слушам зборови, гледам дела, чувствувам наклонетост, отфрлам заробеност.

Дај ми сомун љубов, дела со кои ќе те величам, биди ми наклонет, ќе ти бидам наклонета, зароби ме, ќе се ослободам и ќе те заробам во каење.

Сакај ме колку што се сакаш себеси, бидејќи јас ќе те сакам колку што се сакаш самиот, а ти ќе ме сакаш колку што се сакам јас, тоа значи премногу.

Така ќе се сакаме дупло...

Јас тебе за тебе и за себе, ти мене за мене и за себе, а тоа верувај не е мала работа. Тоа не е ништо, затоа ти барам дупло, бидејќи со мене нема нешто, јас сакам сè!

Би можело да ве интересира:

„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Српски писател: „Девојка ми префрли 50 евра на сметка - разговорот со мене ѝ помогнал повеќе од псих... „Понекогаш сè што треба е да бидеш подготвен да се отвориш и луѓето да ти с...
„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg