Каде беше ти кога јас те сакав?

Здраво…Здраво, се познаваме, ли? Тензија во воздухот, се чувствува на километри, а да не зборувам за притисокот кој вриеше помеѓу нас.

kade-bese-ti-jas-koga-te-sakav-01

Тој на десет сантиметри од моето лице, очите му станаа црвени, забите почнаа да му чкрипат.

Егото му врза шамар и го прекори со зборовите: „Те предупредив". Но, љубовта го теши: „Добро стори, што ако никогаш не пробаше да ја вратиш?"

- Зарем не се сеќаваш на мене?

- Не, ајде потсети ме.

- Јас сум твојата сродна душа, барем така ме нарекуваше во минатото -  си ги мести очилата како што тоа секогаш го правеше кога беше нервозен и скршен.

- Јас не верувам во сродни души, барем не откако еден глупак ме увери дека не постојат.

- Верувај, таа стои пред тебе.

- Каде е? Не ја гледам, сигурно е невидлива - се шегував на негова сметка, а тој вриеше во себе.

- Да не сакаш да ти ги позајмам очилата, можеби ќе ја видиш.

- Не, благодарам, кога тебе не ти помогнале да ја видиш твојата сродна душа која ја испушти од раце, сигурно и мене нема да ми помогнат да ја видам мојата која се вратила.

Разговорот преминуваше во расправија која не сакав да продолжи. Ја испив чашата водка на екс и си заминав.

Тој остана таму долго време, гледајќи ме како заминувам, прекрасна и неодолива.

Косата ја пораснав, баш како што сакаше тој, на себе имав бело сако, бидејќи знаев дека бела му е омилена боја во која сакаше да ме гледа, мојата витка фигура полека му се губеше од видикот и се претвораше во силуета која полека исчезнуваше во мракот.

Единствено му остана да ги следи погледите на сите околу мене, прилепени, знаејќи дека ме посакуваат.

Му остана само тоа, тој последен поглед кој ќе го памети засекогаш, ќе го сонува секој мој чекор кој полека се оддалечува од него и никогаш повторно нема да зачекори кон него.

Му остана само нервозата, потиштеноста и понижувањето, бидејќи животот е тркало. Каде беше тој кога јас сакав да го вратам?

Каде беше тој кога јас го сакав?

Уште ова сакав да му го кажам, но замолкнав и ги испуштив зборовите да паднат во купот на неискажани зборови кои никогаш не собрав храброст да ги изустам.

Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
„Мислев дека ќе се омажам за принц на бел коњ, не очекував дека среќата ќе ја најдам кога најмалку с... Го очекував долго време. Знаев дека некаде постои некоја таква душа скроена за м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg