Остани со тој што те сака подобро од сите претходно

Да најдеш некој што ќе ти го залепи срцето откако некој пред него ќе го скрши на парчиња е многу тешко во денешно време.

ostani-so-toj-sto-te-saka-podobro-od-site-prethodno-01.jpg

Никој не сака да лепи скршени срца, бидејќи секој сака ново срце, се уште недопрено кое ќе го сака него за прв пат.

Но, тој што бара ново срце, не знае каква љубов пропушта од она старото, скршено кое секогаш заслужува шанса.

Да му дадеш шанса на скршено срце значи да си дадеш себеси можност да научиш како да сакаш искрено, безрезервно, детски, без сплетки и повредување бидејќи тоа срце е старо.

Старите срца се веќе уморни да глумат лудило, уморни да прават сплетки и да лажат како во тинејџерските години, старото срце едноставно сака искрено да сака и да биде сакано.

Не сака повторно да биде скршено, сака да биде залепено од страна на некој што ќе го сака подобро од сите претходно.

Доколку најдете некој што ќе ве сака подобро од сите претходно, не испуштајте го од раце, верувајте ќе се покаете.

Доколку најдете некој што ќе ве сака подобро од сите претходно, тој никогаш нема да ве излаже или повреди бидејќи знае дека сте кревки и лесно кршливи.

Знае дека тоа го направил некој пред него кој не ве сакал доволно, а тој не сака да биде како него, тој сака да биде подобар, да ве сака повеќе, односно повеќе не само од него, туку и од сите други пред него.

Доколку најдете некој кој ви се приближува со лепак на искрена љубов во рацете, не бегајте од него, туку испружете ја својата рака и оставете да го залепи вашето скршено срце.

Останете со таа личност бидејќи таа ќе го сака вашето срце со секоја негова пукнатина која ќе го потсетува на вашата способност некого да сакате навистина.

Ќе ве сака такви какви што сте, повеќе од сите кои сакале да ве променат да бидете какви што тие сакале да бидете.

Останете со тој што ве сака подобро од сите претходно и ви го покажува тоа со дела, а не зборови, бидејќи тој ќе ве направи подобра личност која ќе го сака подобро од сите претходно.

Остани со тој што се труди да биде најдобар за тебе, бидејќи со таа личност двајцата ќе бидете најдобри, подобри од сите претходно.

Би можело да ве интересира:

„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg