Снижи го егото, бидејќи ќе ги повишам критериумите!

Твоите зборови и дела се како сијамски близнаци, кои ја отсликуваат твојата примитивност, онаа твоја необичност, подобро кажано кукавичност маскирана во повишено его.

snizi-go-egoto-bidejki-ke-gi-povisam-kriteriumite-1

Она примитивното во тебе, твоите зборови и дела, каде и да си, што и да правиш тоа секогаш ќе те следи како сенка исто како и твоето повишено его.

Она примитивното, твојот нагон за повишување на тонот кои никако не можат да го восприемат моите уши.

Ќе помине и тоа не се вознемирувај, нема да ти остане ништо друго освен познатото извинување кое веќе стана клише, дежа ву, веќе видено.

Да, нема проблем, понекогаш си мислам дека никој друг не може да го сфати тој твој примитивизам, освен јас, никој не може да го достигне тоа твое повишено его освен мојата гордост.

Тоа се должи на мојата традиција на силни нерви која ти секојдневно се обидуваш да ја уништиш, таа долго годишна традиција која се слави од денот на моето раѓање.

Но, нема да остане така, знаеш?

Моите нервви ќе останат, а ти не, тогаш она примитивното во тебе, како откована штица секогаш ќе остане да го испушта тој познат звук на крцкање без да има некој да ја закова.

Тогаш она твое повишено его без потреба, само ќе се снижи, а моите критеритуми и тие ќе се променат.

Затоа мил мој, снижи го егото, да не ги повишам критериумите во мојот живот, бидејќи тоа ќе биде добро само за она примитивното во мене, но не и она твоето кое ретко кој освен јас го поднесува.

Би можело да ве интересира:

„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
Поучна приказна: Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите. Секогаш ги ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg