Сите имаат порок од кој се откажале, мојот беше ТОЈ!

Знаеш ли кој е порокот на Раковите според хороскопот? Никотинот, цигарите…

site-imaat-porok-od-koj-se-otkazale-mojot-bese-toj-1

Ме удри ладен бран до свесно онесвестување од кој ми се клатеа нозете на тие топуци, беше жешко, сонцето ми удираше во очилата над главата, секогаш ги носев над коса, дури и кога имаше сонце, таква сум.

Овој пат се каев што не ги ставив, не за да се заштитам од сонцето, туку од неговиот поглед кој ме стрелаше како шатган без куршуми но, не може ништо да погоди.

Помина времето кога го годеше срцето директно во центарот, лесно и без мака, не повеќе.

Погледнав кон земјата, го почувствував неговиот поглед како не јаде двајцата, моето ново момче кое се движи покрај мене и ми зборува за пороци.

Насмевката му беше заштитен знак, исто како и мене, без разлика колку ни се плаче во моментот, шестките се гледаат низ устата која се кочи од толкава извештаченост.

Ја почувствував неговата изненаденост, знаев дека му замрзна крвта во истиот момент, но јас не се изненадив кога го здогледав.

Сум навикнала да се борам со неговите погледи после секое раскинување, а борбата беше долга, но на крај јас победив, токму денес.

Го одминав, заминав, а тој ме следеше со погледот, но бесцелно, никогаш не може да ме стигне, никогаш повеќе неговиот чекор нема да се движи во склоп со мојот, еден до друг.

Сега ќе се движи еден кон друг и ќе се одминува.

Си помислувам, колку е мал светот, секогаш наидуваш на тој што не сакаш да те види, секогаш наидувам на тој што не сакам да го видам.

Срце, на вас Девиците кој ви е порокот, што мислиш?

Си помислив во себе, можеби не знам за останатите Девици во хороскоп, но на таа до тебе, порок и беше тој што те одмина сакајќи да те убие со поглед.

Бидејќи сите имаат порок од кој се откажале, а мојот беше тој, си реков во себеси.

Го бакнав во образ, не знам, реков, ајде да седнеме, се ослободи маса за кафе во нашето омилено кафуле.

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg