Поучна приказна за зелката и зајците

Понекогаш забораваме што значи вистинската немаштија и несреќа, но оваа приказна е тука за да не потсети дека нечиј живот е можеби потежок од нашиот. Дека, понекогаш она што нам ни се чини како малку, за некому е многу. Некој денес нема за ручек топло подготвена зелка.

poucna-prikazna-za-zelkata-i-zajcite-01.jpg

„Постојано бунтував и зборував од другата страна на трпезаријата. Не сакам грашак. Боранијата не ми се допаѓа.

Често на мојата мајка и приговарав зошто токму зелка прави за ручек, кога знае дека воопшто не ја сакам.

Мајка ми вистински се трудеше да ги задоволи моите барања и во главно готвеше она што на мене и сестра ми ни се допаѓаше за јадење.

До тогаш воопшто не размислував околу тоа дека некои деца воопшто и немаат можност да бираат што ќе јадат.

По оваа случка работите од корен се променија.

Мојата баба често од село носеше зеленчук кој го продаваше на пазар.

Понекогаш после училиште доаѓав да и помогнам со празните корпи или да ги исчисти своите тезги.

Од време на време забележував една слабичка жена која во придружба на едно дете собираше се што може да најде на земја. Од полуоштетени пиперки до нечисти листови зелка.

Еден ден ја прашав баба ми која е таа жена и ми објасни дека станува збор за женичка која живее во близина на пазарот во една малечка куќарка.

Чувала зајци па целата таа оштетена храна ја собирала за нив.

Дури и луѓето кои продаваа тука на пазарот понекогаш ги собираа отпадоците и ја повикуваа да ги земе. Тоа им беше поедноставно од собирањето и фрлањето во кантите на крајот од пазарот.

Еден ден баба ми и јас се подготвувавме за дома кога од некаде, се појави оваа женичка и не замоли да и помогнеме.

Требаше малото дете кое беше во нејзина придружба да го однесеме до куќата.

Јас веднаш се понудив да и помогнам. Сакав да ги видам зајците и малку да си поиграм со нив.

Го однесов момчето до куќата и од малиот прозорец добив поглед кој никогаш во животот нема да го заборавам.

На креветот покрај прозорецот седеа три мали деца со разбушавени коси, прилично едноставно облечени и до нив на столот имаше голем лонец.

На едната страна од столот се наоѓаа фрлените листови зелка кои тој ден женичката ги имаше собрано од пазарот.

Се беше јасно како ден. Нема зајци. Зајците се само изговор. Зелката која другите ја фрлаа таа ја собираше за овие три деца.

Никому ја немав кажано приказната за тоа што видов тој ден, но сликата секогаш ми останува во глава. Секогаш кога мајка ми подготвува зелка за ручек.“

Би можело да ве интересира:

Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg